Серџо Перез ја заврши последната тренинг сесија на сезоната како најбрз возач, а зад него беа Макс Ферстапен и Луис Хамилтон. Возачите на Ферари ја завршија сесијата подалеку од вообичаеното, со Леклер шести, а Саинц Јр. седми.
Третиот тренинг во Абу Даби не е многу корисен за тимовите, во текот на денот температурата на асфалтот е многу повисока отколку навечер, кога се одржуваат квалификациите и трката, што влијае на перформансите на гумите.
Но, на петочните тренинг сесии повеќето возачи имаа проблеми при симулациите на квалификацискиот круг, нешто што тимовите се обидоа да го решат.
Први на патеката излегоа возачите на Астон Мартин, Ветел и Строл, кои извозеа по еден круг на белите и потоа жолтите гуми, подготвувајќи ги за трката.
Астон Мартин верува дека на овој начин се зголемува животниот век на гумите во текот на трката, но ниту еден друг тим не го прави тоа. По одредена пауза и останатите возачи излегоа во акција.
Неколку тимови ја спуштија висината на болидите за поголема аеродинамична ефикасност, така што дури и на речиси совршената асфалтна патека како Јас Марина, Мерцедес АМГ и Ферари на правците имаа вертикални осцилации.
При средината на сесијата, Гасли се врати во боксот со оштетен болид. Минувајќи остро над рабниците, се скршија делови од десното предно тркало.
Се појавија црвени знамиња, поради отстранување на остатоците од патеката. Во меѓувреме, Стјуардите објавија дека Луис Хамилтон е под истрага за претекнување под црвени знамиња, минувајќи покрај два болиди кои забавуваа.
Сесијата беше рестартирана три минути подоцна. До крајот остануваа 25 минути во кои возачите на Ред Бул брилираа на црвените гуми и го зедоа врвот на табелата пред возачите на Мерцедес АМГ. Ферари многу резервиран или толку се можностите. Што е во игра ќе дознаеме на квалификациите кои започнуваат во 15:00 часот.
UPDATE: По тренинг сесијата, Луис Хамилтон ги посети стјуардите кои имаа сомнежи дека возачот на Мерцедес АМГ не ја намали брзината под црвени знамиња, претекнувајќи ги Ландо Норис и Кевин Магнусен.
Стјуардите го сослушале британецот, ги проучиле податоците од телеметријата, видео снимките и дошле до заклучок дека Луис ја намалил брзината и почнал да успорува штом ги видел црвените знамиња. Како резултат на тоа, не беа аплицирани казни.
РЕД БУЛ НАЈБРЗ НА ПОСЛЕДНАТА ТРЕНИНГ СЕСИЈА СЕЗОНАВА
11/19/2022 01:06:00 PM
0
Share to other apps