Формула 1 тимот на Мекларен во летото 2020 година објави потпишување на повеќегодишен договор со американската нафтена компанија Gulf Oil International.
Логото на компанијата се појави на болидите на Мекларен, а на 2021 Големата Награда на Монако, тимот настапи во специјално обојување посветено на соработката со компанијата.
Тоа беше еден од најдобрите "Ф1 дресови", широко прифатен меѓу нивните фанови, но и пошироко.
Денес, договорните страни објавија прекин на соработката. Од следната 2023 година познатото лого повеќе нема да биде на болидите на Мекларен.
Зак Браун, извршен директор на Мекларен: "Нашето долгогодишно партнерство со Gulf се развиваше во различни периоди во историјата на Мекларен. Заедно доживеавме многу моменти, вклучувајќи го и нашето познато обојување во Монако. Дојде време да ставиме крај на нашата соработка, но секогаш сме отворени да го поздравиме враќањето на старите пријатели во иднина."
МЕКЛАРЕН ЗАГУБИ ПРЕПОЗНАТЛИВ СПОНЗОР
11/25/2022 08:27:00 PM
0
Tags
Share to other apps