Рос Браун потврди дека ова е негова последна сезона како генерален директор на Формула 1 и смета дека е вистинско време за пензионирање, па неговото враќање во Ферари е целосно отфрлено.
Британскиот инженер, еден од најголемите архитекти на титулите освоени од Ферари во периодот од 1999 до 2004 година, беше во центарот на гласините за можното враќање во она што беше неговиот дом во една друга ера.
Сепак, 68-годишниот Рос Браун верува дека е време да се пензионира бидејќи следната голема промена на правилата во Ф1 ќе дојде во 2026 година и тој сака неговата замена да го преземе тој нов предизвик.
"Уживав во сето она што го направив во последните неколку години. Одбив да бидам дел од Формула 1 тим. Решив дека ми е доста! Работата во раководството на Формула 1 беше единственото нешто што можеше да го привлече моето внимание."
"Имав голема среќа што Либерти Медиа ми ја даде оваа можност, тоа беше работа од соништата."
"Сега е совршено време за пензионирање. Направивме многу, сега почна периодот на консолидација. Во 2026 година, шампионатот ќе биде домаќин на нова генерација на болиди."
"Ова ќе се случи за четири години, што е доста долго време за мене, па подобро е следната група да ја преземе оваа работа. Мислам дека ја напуштам Формула 1 во одлична форма."
"Ја сакав речиси секоја минута од мојата 46-годишна кариера. Имав среќа да работам со многу големи тимови, возачи и луѓе. Не би менувал ништо. Едно е сигурно, без мојата сопруга и поддршката од моето семејство, немаше да можам да направам толку многу."
"Сега ќе ја гледам Формула 1 од мојот кауч, ќе навивам и пцујам како нормален фан на Формула 1, среќен што спортот е во фантастична форма и има одлична иднина."
Целосното интервју можете да го најдете на официјалната страна на Формула 1 шампионатот.
РОС БРАУН ЗАМИНУВА ВО ПЕНЗИЈА, НЕ ГЛЕДА ИДНИНА СО ФЕРАРИ
11/29/2022 02:54:00 PM
0
Tags
Share to other apps