Aукциската куќа RM Sotheby's го стави на аукција Ferrari F2003-GA, со кој Михаел Шумахер ја освои својата шеста шампионска титула во 2003 година. Според експертите, овој болид беше проценет на 9 милиони евра, но тој беше продаден за многу поголема сума.
На аукцијата во Женева, неименуван колекционер за Ферарито на Михаел Шумахер, F2003-GA плати 14.8 милиони евра, што е рекордна цена за Формула 1 болид од новата ера.
Претходниот рекорд го држеше друго Ферари на Шумахер, F2001 продаден во 2017 година на аукција во Њујорк за 7.5 милиони американски долари.
Возејќи го продадениот Ferrari F2003-GA, Михаел Шумахер возеше девет трки во 2003 година, вклучувајќи го и финалето на сезоната во Јапонија, и победи на пет од нив во Шпанија, Австрија, Канада, Италија и САД.
Во 2022 година, болидот беше обновен во базата на Ферари, Маранело, каде доби речиси целосно нови главни компоненти, вклучувајќи менувач, потисна, ламела, хидраулика и трилитарски V10 мотор.
БОЛИДИТЕ НА ШУМИ УРИВААТ РЕКОРДИ
11/09/2022 11:32:00 PM
0
Share to other apps