Со стапувањето во сила на ограничените Ф1 буџети, инцидентите на возачите станаа поважни од кога било.
Нивната економска штета може да биде двојна, од една страна тие го намалуваат расположливиот буџет за истражување и развој, а од друга можат да влијаат на конечниот пласман во шампионатот, губејќи некоја позиција, што може да чини многу во распределбата на добивките.
Севкупно, инцидентите ги чинеа тимовите 32.26 милиони евра. Вкупната бројка е нешто помала од 25% од целосниот буџет на еден тим.
Ред Бул и Мекларен се покажаа прилично добро, со околу 1.5 милиони по тим. Спротивно на нив, Вилијамс, Хас, Астон Мартин надминаа 4.000.000 евра. Односно, речиси три пати повеќе од првите два споменати тима, што е огромна бројка.
Повеќето тимови сега имаат финансиски инженери, кои се обидуваат да ја проценат цената на секоја можна еволуција помеѓу истражување, развој и производството, за да одлучат за изводливоста на еволуцијата, и сигурно секогаш кога ќе видат инцидент на некој од нивните болиди, тие почнуваат да размислуваат која еволуција ќе треба да се отфрлат.
Како и минатата сезона, Мик Шумахер повторно е Шампион на штетниците. Сам успеа да направи штета од речиси 3.75 милиони евра. За среќа за Хас, Кевин Магнусен беше еден од наштедливите во оваа категорија.
Со тоа му овозможи на Вилијамс да го има водството на тимови кои имале најголема штета од инциденти на трките. Во Вилијамс најмногу штета направи Николас Латифи, додека Алекс Албон не беше штедлив како Данецот, па затоа имаат предност од околу 200.000 евра во однос на Хас.
Оваа сезона не му одеше најдобро и на Карлос Саинц Јр., кој е четврт на табелата, веднаш пред Луис Хамилтон и Себастијан Ветел. Но, едно е број на инциденти, а друго е нивната цена.
На пример, еден инцидент може да чини многу пари ако се однесува на шасијата и менувачот. Џоу Гуанју, на пример, најголем дел од причинетата штета ги има на инцидентот од Силверстоун, кога беше катапултиран од Џорџ Расел.
Инцидент со убедливо најголема шетата беше тој на Мик Шумахер во Саудиска Арабија, повеќе од половина од неговата вкупна бројка.
Затоа во тековната Формула 1 менаџерите на тимот строги забрануваат борба помеѓу тимските колеги, бидејќи тоа може да ги чини премногу во борбата за што подобар пласман.
ШТЕТА ПО ВОЗАЧ
Мик Шумахер: 3.735.000
Николас Латифи: 3.202.000
Џоу Гуанју: 2.772.000
Карлос Саинц Јр.: 2.667.000
Луис Хамилтон: 2.520.000
Себастијан Фетел: 2.160.000
Естебан Окон: 2.041.000
Ленс Строл: 1.986.000
Јуки Цунода: 1.323.000
Фернандо Алонсо: 1.280.000
Џорџ Расел: 1.263.000
Алекс Албон: 1.261.000
Чарлс Леклер: 1.225.000
Серхио Перез: 1.084.000
Пјер Гасли: 1.053.000
Даниел Рикиардо: 827.000
Ландо Норис: 572.000
Кевин Магнусен: 477.000
Макс Верстапен: 458.000
Валтери Ботас: 418.000
ВКУПНО: 32.260.000
ТРОШОЦИ ПО ТИМ
Вилијамс: 4.463.000
Хас: 4.252.000
Астон Мартин: 4.146.000
Ферари: 3.892.000
Мерцедес: 3.783.000
Алпин: 3.321.000
Алфа Ромео: 3.190.000
АлфаТаури: 2.776.000
Ред Бул: 1.548.000
Мекларен: 1.398.000
МИК ШУМАХЕР ОСТАНУВА НАЈГОЛЕМ "ШТЕТНИК" ВО ФОРМУЛА 1
12/19/2022 01:36:00 PM
0
Share to other apps