Денеска Адријан Њуи, еден од најуспешните дизајнери на Формула 1, слави роденден и полни 64 години. Британецот работеше со неколку тимови, вклучувајќи ги Вилијамс и Мекларен, а сега победува со Ред Бул.
Адријан ја освои својата прва титула во 1992 година кога Најџел Менсел стана Ф1 шампион возејќи Вилијамс FW14B. После тоа, Њуи имаше титули со Алан Прост во 1993 година, Дејмон Хил во 1996 година и Жак Вилнев во 1997 година.
Откако помина неколку сезони во Вилијамс, Адријан Њуи се пресели во Мекларен. За тимот од Вокинг, тој ги дизајнираше болидите MP4/13 и MP4/14, со кои Мика Хакинен стана двократен шампион во 1998 и 1999 година.
Следниот голем успех, Адријан Њуи го забележа со Ред Бул од 2010 до 2013 година. Себастијан Ветел освои четири последователни шампионски титули со помош на неговите болиди.
Во 2021 година, Макс Ферстапен, возејќи болид изграден под водство на Адријан Њуи, го врати Ред Бул на шампионските патеки во конкуренција на возачи. Во 2022 година, уште едно техничко ремек дело на Адријан му овозможи на Макс да ја одбрани титулата и да забележи рекордни петнаесет победи во сезоната, а тимот да ја врати шампионската титула за конструктори.
Пред неколку години беше објавена автобиографијата на Адријан Њуи. Симболично е што книгата завршува со следните зборови на еден извонреден инженер кој никогаш не почива на своите ловорики.
"По триесет и пет години, потсетувајќи се на богатата и плодна кариера посветена на создавањето тркачки машини, си ги поставувам истите прашања. Како да го направиме болидот побрз? Како можеме да ја подобриме ефикасноста? Можеме ли да направиме нешто поинаку? Што можам да направам подобро?
СРЕЌЕН 64-ТИ РОДЕНДЕН АДРИЈАН ЊУИ
12/26/2022 07:58:00 PM
0
Tags
Share to other apps