Минатата година на крајот на август месец, Ауди го објави својот влез во Формула 1 од 2026 година, а во октомври истата година беше потврдено стратешкото партнерство со Групацијата Заубер.
Денеска беше објавено официјално соопштение дека германскиот производител на автомобили стекнал удел во тимот.
"Групацијата Заубер со задоволство соопштува дека во согласност со плановите објавени во октомври минатата година, во јануари 2023 година, Ауди се здоби со малцински удел во Групацијата Заубер."
"Ова е важен чекор за Ауди на неговиот пат кон своето деби во Ф1 планирано за 2026 година како дел од стратешкото партнерство меѓу Заубер групацијата и германскиот производител."
Откако беше најавено доаѓањето на Ауди, промените во тимот на Заубер(Алфа Ромео) се постојани. Тимот од Хинвил минува низ процес на реструктуирање, кое веќе започна со потези како што е назначувањето на Андреас Зајдл за главен извршен директор, од кого се очекува успешно да го забрза овој процес.
АУДИ ГО НАПРАВИ ПРВИОТ ЧЕКОР КОН ФОРМУЛА 1
1/30/2023 01:20:00 PM
0
Tags
Share to other apps