Тимот на Алфа Ромео започна соработка со светски познатиот уметник, BOOGIE, за да создаде уметнички проект чија цел е да ги доближи фановите до тимот и да го прослави почетокот на 2023 Ф1 сезоната. БУГИ ги употреби своите вештини на каросеријата на еден од болидите на тимот за да создаде уникатно уметничко дело, кое беше откриено во прекрасниот амбиент на Waldhaus Flims, на швајцарските Алпи.
BOOGIE, графити уметник, дизајнер и илустратор роден во Германија, кој живее во Швајцарија, може да се пофали со уметничка кариера која го одвела до создавање содржини во повеќе од 40 земји, со некои од најголемите брендови во светот и некои од најуспешните уметници од неговата генерација.
Со седиште во Базел, BOOGIE го отелотворува духот на Алфа Ромео, меѓународен и гордо локален, подготвен да се вклучи во различни култури и места без да заборави од каде доаѓа. Дизајниран за тим кој уште од своите почетоци го предизвикува статус квото, "Art Car" е роден во швајцарските планини, а неверојатната алпска позадина игра исто толку голема улога во композицијата како четките и бојата.
Дизајнот на овој уметнички проект сепак не е едноставен ПР трик, туку почеток на кампања за приближување на навивачите до тимот. Партнерите на Алфа Ромео JigSpace, создадоа 3D модел на болид, кој ќе биде достапен за љубителите да уживаат во проширената реалност (AR) од удобноста на нивните домови. Ова искуство е достапно ОВДЕ.
"Art Car" ќе биде достапен и во реалниот живот, бидејќи ќе патува во Лондон за да се појави на штандот на Stake на ICE London 2023, Global Gaming Hub одржан во ExCel на 7-9 февруари, како изложба на партнерството на тимот и најновите технологии.
Покрај тоа, во плановите се и допрва треба да бидат претставени понатамошни настапи во Цирих, за да се покани локалната заедница да го доживее болидот, како и во градовите дестинации за Ф1 трки.
Навивачите се во срцето на сè што прави тимот, а Алфа Ромео има за цел да ги доближи што е можно поблиску до овој проект. Група од најверните фанови на тимот ќе бидат поканети во седиштето на тимот во Хинвил за да го видат "Уметничкиот Болид" и да го запознаат BOOGIE. Фановите ќе соработуваат со уметникот за да додадат свој допир на деталите.
Конечно, по една година долга кампања, "Art Car" на BOOGIE ќе биде понуден на аукција од Memento Exclusives преку F1 Authentics, за да се соберат средства за добротворниот партнер на Алфа Ромео, Save the Children.
Овој проект ќе го доближи тимот на Алфа Ромео до фановите во секоја фаза од неговиот развој. Тоа е возбудливо, револуционерно патување што тимот со гордост го презема, заедно со доверливи партнери и инспиративен уметник. Ова е првиот уметнички автомобил на тимот: со неговиот специфичен, чист изглед во комичен стил, BOOGIE го стави својот потпис на уникатен проект.
Алесандро Алуни Брави, управен директор на Заубер и портпарол на тимот: "Горди сме што ќе го оживееме овој проект заедно со неверојатен уметник како што е BOOGIE."
"Тој е како нас, олицетворение на талентот кој дојде да ја нарече Швајцарија дом и еволуираше уникатен стил и начин на правење нешта. Како BOOGIE, ние не се плашиме да го оспориме начинот на кој се прават работите и проектот Art Car е најдобар пример за тоа."
"Што е најважно, не сакаме уметничкиот болид да остане затворен во нашето седиште, бидејќи тоа е проект за нашата заедница, за нашите фанови, да се доближат до тимот,прво преку JigSpace AR искуството, потоа лично."
BOOGIE, уметник: "Можноста да се наслика Формула 1 болид не доаѓа секој ден, тоа е шанса еднаш во животот и да се направи тоа за тим со седиште во Швајцарија има посебно значење за мене."
"Со мојот дизајн, јас се обидов да го пренесат духот на овој тим, сите букви кои се здружуваат за да ја формираат уметноста ги симболизираат сите луѓе, партнери и организации кои придонесуваат за создавање на овој болид. Алфа Ромео е тим кој го надминува своето име, тоа е група луѓе со визија што е повеќе од збирот на нејзините делови."
БОЛИДОТ НА АЛФА РОМЕО ВО БОИТЕ НА BOOGIE
2/01/2023 12:55:00 AM
0
Share to other apps