Почнувајќи од 15:00 часот по средноевропско време, тимот на Ред Бул ја започна презентацијата на нивната 2023 Ф1 сезона.
По многу непотребни детали за одредени спортисти спонзорирани од компанијата Ред Бул, беше претставен уметнички обоениот РБ14 (The Doodle Bull), кој ќе биде продаден на аукција за добротворни цели.
Потоа беше претставена новата опрема на Ред Бул со логоата на новите тимски партнери, за на крај да биде презентиран и РБ19, речиси без видливи разлики од минатогодишниот победнички РБ18.
Дали Ред Бул го следеше трендот од претходните години и нема да го покаже своето "вистинско" оружје се до почетокот на акцијата на патеките, т.е. тест сесијата во Бахреин која започнува на 23 Февруари.
Треба да се запомни дека Ред Бул оваа година има ограничување во однос на аеродинамичните тестови за прекршување на буџетската граница за 2021 година. Останува да видиме дали тоа ќе се одрази во новата сезона.
Она што беше најинтересна новина, во целата оваа "збркана" презентација е најавата дека фановите на тимот ќе добијат можност да дизајнираат три различни "дресови" за РБ19 кои ќе се користат на секоја од трките во Мајами, Остин и Лас Вегас.
Главната причината што Ред Бул избра невообичаено место, Њујорк, за нивни почеток на 2023 сезоната е објавувањето на соработката со Форд.
Северноамериканскиот бренд беше присутен во првите години на Формула 1 шампионатот. Брус Мекларен, во својата прва година како конструктор, користеше Форд V8 мотор од Индикар со зафатнина намалена на три литри.
Но, најголемиот успех го постигнаа како производител на мотори, и тоа со трилитарскиот Форд Косворт дизајниран за тимот на Лотус, кој се појави во 1966 година. Форд беше присутен во Ф1 38 последователни години.
Зборувајќи за враќањето на Форд во Формула 1, извршниот претседател Бил Форд изјави:
"Ова е почеток на возбудливото ново поглавје во приказната за моторспортот на Форд, кое започна кога мојот прадедо победи на трката што помогна да се започне нашата компанија."
"Форд се враќа во врвот на спортот, носејќи ја долгата традиција на Форд за иновации, одржливост, електрификација и светска сцена како едни од главните насоки на развој."
Форд наведе два клучни фактори во својата одлука да се врати во Ф1, растот на популарноста на спортот, особено во Соединетите Држави, плус зголемената улога што ќе ја има електричната енергија во погонските единици за 2026 година.
Одлуката на Форд да се посвети на гран-при трките беше поздравена од извршниот директор на Ф1, Стефано Доменикали, кој ѝ се придружи на компанијата за денешното објавување на оваа одлука.
Ред Бул објави уште еден партнер на тимот со седиште во Њујорк, компанијата ROKT, специјализирана за е-трговија. Таа работи во 14 земји низ Северна Америка, Европа и Азија. Една од целите на оваа соработка ќе биде привлекување жени во виртуелниот тим на Ред Бул. Македонки сега имате шанса!
РЕД БУЛ И ФОРД СО ЗАЕДНИЧКИ СИЛИ ВО НОВИ ПОБЕДИ
1/29/2023 08:26:00 PM
0
Share to other apps