Дизајнот на шемата на бои за 2023 година е еволуција од FW44, задржувајќи ги визуелните доживувања на брендот кои се одликуваат со контрастна форма на дијамант и зраци на црвена и сина боја, отелотворувајќи ја возбудливата нова ера на Вилијамс. Овогодинешниот дизајн се одликува со промена на бојата во мат, обезбедувајќи посилен визуелен изглед на патеката.
FW45, исто така е еволуција на FW44. Рабовите на подот се подигнати за да ги задоволат ажурираните технички регулативи на ФИА за 2023 година и тимот ја искористи можноста во голема мера да го развие концептот на страничните отвори за ладење, што беше овозможено со оптимизирање на распоредот за ладење на погонската единица. Има и модификации на распоредот на предната амортизација, како и на главните надворешни аеродинамички површини.
Како резултат на тоа, FW45 е аеродинамички поефикасен од FW44, со поголема вкупна потисна сила и подобрени карактеристики на управување. 2023 пневматиците на Пирели се еволуција на верзијата од 2022 година, а FW45 е оптимизиран според подобрените карактеристики на новите гуми.
Партнерството на Gulf Oil International со Вилијамс е значајно потпишување бидејќи тимот ја продолжува својата трансформација и ја демонстрира новата ера на комерцијална сила на тимот од неговото купување од Дорилтон Капитал.
Дополнително значајни партнерства се потврдени и со Stephens, независна фирма за финансиски услуги основана во САД во 1933 година, со клучни канцеларии во САД, Лондон и Франкфурт, Michelob ULTRA, најбрзо растечкиот пивски бренд во Соединетите Американски Држави и PureStream, компанија од областа на електронското тргување.
За 2023 година Вилијамс има возбудлива возачка постава, а Алекс Албон ја започнува својата втора година со тимот, по импресивната сезона во 2022 година, освојувајќи поени на повеќе трки. Американецот Логан Сарџент се приклучува како тимски колега на Алекс, и своето деби во Формула 1 ќе го има на претстојното Гран При на Бахреин.
FW45 ќе се појави на патеката во Силверстоун на 13-ти февруари, а двајцата возачи, Алекс Албон и Логан Сарџент, ќе ги преземат возачките должности. Амбасадорот на тркачкиот бренд на Вилијамс и светскиот шампион во Ф1 од 2009 година, Џенсон Батон, исто така ќе присуствува за да го види овогодинешниот болид кој ќе ги комплетира своите први кругови.
Со новата трансформација, тимот на Вилијамс ќе го има Џејмс Воулс како нов тимски шеф, кој се приклучува на тимот на 20-ти февруари од Мерцедес АМГ, носејќи богато искуство и стратешки способности кои ќе помогнат да се поттикне Вилијамс на и надвор од патеките.
Метју Севиџ, претседател на Управниот одбор на Вилијамс Рејсинг: "Додека Вилијамс ја продолжува својата трансформација, горди сме што ги покажавме новите бои."
"Возбудени сме поради овогодинешниот болид и не можам доволно да му се заблагодарам на целиот тим во Гроув за нивната напорна работа за да се подготвиме за сезоната."
"Воодушевен сум што можам да им посакам добредојде на новите и постоечките партнери на нашето патување. Со нашиот нов тимски шеф, Џејмс Воулс, кој ни се придружува подоцна овој месец, како и нашата возбудливо дуо на возачи, Алекс и Логан, Вилијамс ќе даде се од себе во 2023 година."
Алекс Албон: "Навистина сум возбуден што ќе поминам уште една година со тимот. Болидот изгледа одлично и ќе го испробаме на патеката во Силверстоун. Тимот работеше навистина напорно минатата година и во текот на зимата за да подобри некои клучни области на нашиот болид."
"Вложуваме труд да се обидеме да го максимизираме она што го добиваме од болидот за 2023 година, па со нетрпение очекувам да видам што може да направи FW45. Исто така, добредојде за новите партнери во тимот за оваа година, одлично е да ги имаме на болидот."
Логан Сарџент: "Навистина сум возбуден поради започнувањето на сезоната по она што за мене изгледаше како долга зимска пауза! Јас сум супер мотивиран и вложив максимални напори за што подобро да се пофготвам."
"Болидот изгледа неверојатно и тоа го покажува огромниот напор што тимот го вложи во паузата, па со нетрпение очекувам да го пробаме на Силверстоун пред да заминеме за Бахреин."
13.02.2023 АЖУРИРАНА СТАТИЈА: Тимот на Вилијамс минатиот понеделник одржа презентација на новата сезона, но не го покажа 2023 болидот, само неговите бои.
Денеска тимот го носи нивниот адут за подобар пласман во шампионатот на патеката во Силверстоун, за т.н. филмски ден, а пред тоа прес-службата на британскиот тим објави неколку студиски фотографии од FW45(први три во статијава).
Всушност, овие слики може да се сметаат за полноправна презентација на 2023 болидот. Подоцна во текот на денот може да се очекуваат повеќе фотографии од Силверстоун.
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА 2023 СЕЗОНАТА