Ферари е oсмиот од десетте Ф1 тимови кој го презентираше својот болид за 2023 година, кој ја носи ознаката SF-23 што претставува враќање кон традиционалното именување, откако болидот од претходната сезона се викаше F1-75 во чест на 75-годишнината од првиот пат кога Енцо Ферари го стартуваше моторот на F125С.
Овој SF-23 е биде петто Ферари за Чарлс Леклер, кој оваа година ќе атакува на шампионската титула, откако беше вицешампион во 2022 година. Моначанецот ја имаше својата најдобра година во Формула 1, но грешките во стратегијата и издржливоста ги условија неговите опции за титулата против Макс Ферстапен кој остабна без ривал уште од Големата Награда на Франција.
Во случајот на Карлос Саинц Јр., ова ќе биде трета година, во која се надева дека ќе продолжи со нагорната динамика од 2022 година и ќе биде во битка за победите веќе од првата трка во Бахреин.
За оваа презентација, Ферари се врати кон традиционалниот физички настан за прв пат од 2020 година, кога Ковид пандемијата го погоди светот. Сега, оваа година, без никакви ограничувања и пред полни трибини со тифози, настанот започна во 11:25 часот по македонско време и беше директно пренесуван на социјалните мрежи.
Што се однесува до изгледот на SF-23 се забележува поголем опсег на чисти карбонски, додека историското лого, "Долго F", се појавува на задното крило. Црвената боја е исто така сосема нова, создадена од Ферари Дизајн, мат верзијата се употребува на Ф1 болидот, додека сјајната на хиперавтомобилот 499P, кој ќе го има своето деби во трките за издржливост.
Фредерик Васер за прв пат настапи на оваа презентација како тимски шеф.
"Во текот на изминатите пет недели, имав шанса да запознаам многу членови на нашиот тим. Имаме одлична група на луѓе и јасно е дека мотивацијата е на високо ниво во целиот тим."
"Денеска го прикажавме нашиот адут за 2023 година заедно со нашите партнери и тифози, и јас сум многу задоволен од тоа како изгледа болдиот. Ја сакам црвената боја и "Effe Lunga" што се протега низ задното крило, потсетувајќи нè на нашето наследство."
"Нашиот фокус наскоро ќе се префрли на друг аспект, а тоа се неговата брзина и перформанси. Имаме двајца талентирани возачи кои и двајцата се желни за победа и ги имаат потребните вештини за да го постигнат тоа."
"Нашата цел е да го освоиме шампионатот, што нема да биде лесна задача бидејќи нашите конкуренти ќе ја имаат истата цел на ум. Мораме да го донесеме вистинскиот начин на размислување и секогаш да работиме на тоа да бидеме подобри утре отколку што сме денес."
Чарлс Леклер, #16: "Целиот тим вложи многу работа на овој нов болид и кога го гледаме пред нас за прв пат е неверојатно. Тоа значи дека почетокот на сезоната е многу блиску, што е секогаш возбудлив момент."
"Денес се чувствував прекрасно да го возам овде во Фиорано, споделувајќи го искуството со нашите тифози и партнери. Сè уште треба да почекаме на првите вистински тест круга за да ги направиме вистински проценки."
"Наша цел за оваа сезона ќе биде да бидеме уште подобри од минатата, да забележиме повеќе победи и да бидеме поконстантни. Крајната цел ќе биде да ги освоиме двата шампионати и ќе направиме се за да го постигнеме тоа."
Карлос Саинц Jr., #55: "Да имам шанса да го откријам болидот пред нашите тифози беше одлично бидејќи ова е моја прва презентација пред публика со тимот на Ферари. Би сакал да им се заблагодарам на сите што ни се придружија на ваков посебен ден, и овде и онлајн низ целиот свет."
"Овој болид е резултат на страстна и напорна работа на сите во тимот во изминатите месеци и секако изгледа како уште еден чекор напред. Нашата цел не може да биде друга освен да продолжиме да притискаме повеќе и да се обидуваме да донесеме што повеќе победи на трките, да бидеме конкурентни и да се бориме за титулите. Едвај чекам да седна зад воланот на SF-23 на патеката во Бахреин и да ја започнеме оваа нова сезона!"
Енрико Кардиле, одговорен за шасија: "Нашиот 2023 болид е еволуција на оној што го возевме минатата година, но во реалноста, тој е целосно редизајниран. На аеродинамична страна, ја зголемивме вертикалната потисна сила, за дополнително да се прилагодиме на новите аеро-прописи и да ги постигнеме посакуваните карактеристики на баланс."
"Амортизацијата исто така е редизајнирана, за да ја поддржи аеродинамиката и да го зголеми опсегот на прилагодувања што може да се направат на болидот на патеката.
Најочигледните промени се во пределот на предната амортизација."
"Предното крило е исто така различно, како и конструкцијата на носот, додека каросеријата е поекстремна верзија на она што го видовме минатата сезона."
Енрико Гуалтиери, одговорен за погонска единица: "Подготовните работи за новата сезона обично се едно од најпрометните периоди во годината и оваа зима не беше исклучок."
"Развојот на ПЕ од минатата година е замрзнат, вклучувајќи ги сите течности, масла и гориво, а единствените дозволени модификации се оние поврзани со издржливоста, што беше нашата Ахилова пета минатата сезона."
"Се фокусиравме на моторот со внатрешно согорување и електромоторите. Во исто време, се обидовме да го искористиме искуството стекнато на патеката минатата сезона и ги разгледавме сите повратни информации и знаци на слабост од компонентите на ПЕ што ги користевме."
"Ги ревидиравме и нашите процедури за склопување.
Се обидовме да ги разбереме основните причини за проблемите со кои наидовме во праксата и ги искористивме сите наши достапни алатки за да ги решиме."
"Ги вклучуваше сите области, од дизајн до експериментирање за да се тестираат нови решенија за многу краток временски период. Работата никогаш не завршува, заснована на континуирано подобрување на компонентите за да се обиде да го достигне потребното ниво на сигурност."
ФЕРАРИ SF23 - БОЛИД ВО КОЈ ЌЕ СЕ ЗАЉУБИТЕ
1/29/2023 08:54:00 PM
0
Share to other apps