Мерцедес АМГ е деветтиот од десетте тимови што ги откри боите и дизајнот на својот најнов адут болидот со именување W14. Сите во тимот посакуваа да се вратат на врвот во 2023 година, откако минатата година ја започнаа новата ера со многу проблеми.
Мерцедес АМГ е еден од тимовите на кои им требаше најдолго да го презентира својот 2023 болид. Сите се прашувавме дали ќе го задржат или не концептот без странични отвори за ладење. Овој дизајн не се покажа како нешто посебно, кон крајот на 2022 година почнаа да го разбираат, што се потврди со победата во Бразил.
2023 година ќе биде клучна година за Мерцедес АМГ и првпат по 2014 година да не влезат во сезона како бранители на титулата во шампионатот за конструктори. Годинава тие ќе ја имаат третата гаража почнувајќи од лево, зад Ред Бул и Ферари, но во Брекли се надеваат дека повторно ќе го преземат водството со W14.
Џорџ Расел и Луис Хамилтон заслужуваат целосно конкурентен болид, на тоа се надева и секој искрен Ф1 фан. Она што е потребно е предизвик за титулата. Целта е да нема ниту еден возач или тим кој ќе "печати" победи за вештачки рекорди. Минатата година добро започна, лошо заврши, сега се надеваме на многу повеќе конкуренти за титулите.
Мерцедес АМГ избра да се врати на црната боја, со само неколку детали во тиркизна боја за Петронас и црвена за она на Инеос, вториот и третиот сопственик на тимот. Исто така, се издвојува зелената боја на бројот на Џорџ Расел и жолтата на Луис Хамилтон.
Тимот се обиде да ги реши минатогодишните проблеми со вертикалните осцилации на правците, да ја намали тежината и да ја зголеми ефикасноста на аеродинамиката.
Мајк Елиот, техничкиот директор на тимот, рече: "Минатата година кога ги дознавме причините за нашите проблеми и сфативме што треба да се направи со болидот, обемот на работа беше огромен. На крајот од сезоната, тоа доведе до подобри резултати."
"За време на зимската пауза направивме "ресет", почнувајќи сè од нула. Го направивме она што не можевме да го направиме минатата сезона поради ограничениот буџет и фактот што бевме целосно фокусирани на новиот проект."
"Кога работите со нова генерација машини, сè зависи од малите нешта. Кога ќе ја видите надворешноста на W14, ќе забележите многу сличности со W13, но во реалноста, има многу разлики."
Тото Волф , тимски шеф: "Гледам колку труд вложи тимот во подготовките за презентацијата на болидот, сите во тимот се мотивирани и полни со енергија, а W14 мора да биде конкурентен и да ни овозможи да се бориме во групата на лидери. Нашите надежи и очекувања секогаш се поврзани со способноста да се бориме за титулите."
"Но, минатата година ривалите беа многу силни и се најдовме во позиција да ги стигнуваме. За борба во првите редови потребни се квалитети како што се издржливост, решителност и способност за тимска работа. Подготвени сме за секој предизвик, приоритет ни се интересите на тимот и ќе направиме се, обидувајќи се да го вратиме секој можен дел од секундата."
"Оваа година имаме намера да се вратиме кај лидерите. Минатата сезона не научи многу. Се надевам дека во 2023 година ќе докажеме дека можеме да ги решиме проблемите и да го подобриме болидот. Секако, W13 имаше потенцијал, но никогаш не успеавме да го откриеме, иако кон крајот на сезоната болидот ни дозволи да се натпреваруваме за високи резултати."
"W13 беше премногу тежок, па се обидовме да разбереме како да ја намалиме тежината и се обидовме да го заштедиме секој грам. Сега гледаме дека некои делови од болидот се направени од карбон, а некои се обоени со црна мат боја."
"Kога во 2020 година ја променивме бојата на болидот, главниот фактор беше нашата поддршка за идеите за различност и еднаквост (не можеме да не се вмешам, жаргонски кажано, која иронија од изјава, тешка забеганост), кои се секогаш блиску до нас. Тогаш црната боја стана дел од нашата ДНК, па со задоволство се враќаме на неа. (Колку лесно се менува ДНК, на нешто што веќе немаш допирна точка!)"
Презентацијата се одржа на роденденот на Џорџ Расел, кој наполни 25 години, па тој беше првиот што зеде збор по Тото Волф.
"Минатата година бев импресиониран од тоа како тимот го развиваше болидот во текот на сезоната. Станувавме подобри на секоја трка и сега со нетрпение очекувам да го тестирам W14 на патеката."
"Зимата беше долга, но сега навистина сакаме да видиме дали W14 ќе ги исполни нашите очекувања. Возбуден сум и од самите гласини за конкурентноста на болидите во овој момент, има многу што можеме да научиме кога ќе се појави на патеката за прв пат."
Потоа збор зеде Луис Хамилтон, кој изгледаше насмеан и свеж за нови предизвици.
"Инспириран сум од трудољубивоста со која секој член на тимот пристапува кон својата работа. Беше многу интересно да се гледа еволуцијата на болидот и донесените решенија."
"Редизајниравме, оптимизиравме и подобривме многу елементи на болидот, и ова е импресивно. Ја сакам новата боја! Многу ми е драго што наскоро ќе почнеме да се тркаме. Се чувствувам смирено, енергично и фокусирано. Подготвен сум да дадам се од себе за да победам."
"Уживам да бидам дел од овој тим и да работам заедно кон заедничка цел. Отсекогаш сум верувал дека можам да бидам подобар. Ги сакам предизвиците, физички и ментални, потребата да се нурне длабоко во причината за да го извлечам максимумот од себе и од другите. Нашиот болид постојано се менува, добиваме нови алатки и јас го обожавам. Планирам да останам со тимот уште некое време."
МЕРЦЕДЕС АМГ W14 - НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ДНК-ТО НА СРЕБРЕНИТЕ СТРЕЛИ
1/29/2023 08:58:00 PM
0
Share to other apps