Алфа Ромео го назначи Алесандро Алуни Брави, извршен директор на Групацијата Заубер, на дополнителна позиција Портпарол на Ф1 тимот.
Искусниот Италијанец, кој е дел од групацијата Заубер од 2017 година, ќе ја додаде оваа улога кон своето име за 2023 сезоната и понатаму, претставувајќи го тимот во сите официјални функции за време на тркачките викенди и надвор од патеката.
Назначувањето на Алуни Брави претставува една од првите задачи што ги оствари новиот главен извршен директор на Групацијата Заубер, Андреас Зајдл, по отпочнувањето на неговиот мандат во швајцарската компанија на 9-ти јануари.
Преземањето на улогата на портпарол на тимот од страна на Алуни Брави ќе означи дефинитивен чекор напред за тимот на Алфа Ромео, дозволувајќи му на Андреас Зајдл да се фокусира на неговата главна цел, подготовка на тимот за неговата возбудлива иднина со Ауди.
Андреас Зајдл, извршен директор на Заубер Групацијата: "Среќен сум што можам да го потврдам назначувањето на Алесандро Алуни Брави на улогата портпарол на тимот, покрај неговите постоечки должности како управен директор на Групацијата."
"Неговото огромно искуство во мотоспортот и неговото блиско познавање на тимот, чиј дел е повеќе од пет години, ќе обезбедат стабилност и континуитет во нашиот напредок."
"Алесандро ќе го претставува тимот во Формула 1 шампионатот, што ќе ми овозможи да се фокусирам на развојот на групацијата и подготовка за предизвиците и можностите што не очекуваат."
"Му благодарам на Алесандро за неговата верба во нашата визија и му посакувам добредојде на оваа дополнителна позиција."
Алесандро Алуни Брави, портпарол на Алфа Ромео: "Сакам да им се заблагодарам на Андреас и нашите акционери за нивната доверба и сакам да ја повторам мојата посветеност да дадам се од себе за да ги оправдам нивните очекувања и да го претставувам тимот на најдобар можен начин."
"Огромна привилегија е да продолжам да работам со група на неверојатни луѓе кои во текот на многу години ми помогнаа да се интегрирам во групацијата Заубер, што ќе ми овозможи да ја исполнам оваа задача и да го претставувам тимот според нашата заедничка визија и нашите цели."
"Целосно сум свесен за работата што ја имаме пред нас и за предизвиците со кои се соочуваме. Кон оваа задача пристапувам со понизност, знаејќи дека сум дел од силен тим кој ќе ја заврши работата и со верба дека имаме сè што ни треба за успешна иднина."
2023 година ќе означи нови времиња за Алфа Ромео, бидејќи новиот главен спонзор на тимот, STAKE, создава нов идентитет за тимот. Исто така, иако се уште не е потврдено, заминувањето на Орлен најверојатно ќе доведе и до заминување на Роберт Кубица како резервен возач.
Основан во 2017 година од група претприемачи од технолошка и обложувачка индустрија, Stake оттогаш воспостави силно присуство во светот на спортот, а инвестицијата во Алфа Ромео е нивната најнова авантура.
Повеќегодишното партнерство има за цел да ја зголеми популарноста на брендот, а тимот на Алфа Ромео влегува во едно од најдобрите спортски и забавни портфолија, вклучувајќи ги канадската суперѕвезда Дрејк, фудбалскиот клуб Евертон, UFC, легендарниот аргентински фудбалер Серхио Агуеро и многу други.
Бијан Техерани, ко-основач на Stake: "Возбудени сме ќе се приклучиме на легендарниот Ф1 тим кој ги дели со нас истите амбиции за раст и успех. Алфа Ромео ќе ги прошири нашите можности за ангажирање на фановите преку интеграција на брендот и активности."
"Целосно сме посветени на подобрување на тркачките викенди со создавање уникатни искуства за сите фанови на Алфа Ромео, со зголемен ангажман на публиката во дигиталната арена."
Покрај новиот главен спонзор, тимот објави дека платформата за стриминг kick.com ќе соработува со Алфа Ромео, а нивното лого ќе се појавува на болидите на одредени трки од шампионатот. Во блиска иднина, партнерите ќе ги објават деталите за програмата со учество на возачите на тимот.
АЛФА РОМЕО ВО 2023 ВЛЕГУВА СО НОВ СПОНЗОР И БЕЗ ТИМСКИ ШЕФ
1/27/2023 03:33:00 PM
0
Share to other apps