Втора година по ред, традиционалната зимска Tрка на шампионите се одржува во шведскиот град Пит Хавсбад на паралелната патека на стотина километри од Арктичкиот круг, изградена на мразот на Балтичкото Море.
Денес, десет тимови кои претставуваат седум земји и три селекции eROC, Nordic и All Stars, се натпреваруваа за Купот на нациите на четири типа возила: Zeroid X1 rallycross, 335 КС, Supercars Lite, 320 КС, Cupra Urbanrebel, 435 КС, и Polaris RZR, 181 КС.
Поставата беше навистина ѕвездена, пет возачи во Формула 1, францускиот рели возач Себастиен Леб, шампионот во Формула 2 Фелипе Друговиќ, двократниот носител на титулата во Формула Ж, Џејми Чадвик, и останати.
Трките ги отворија претставниците на Финска и eROC на Купра. Валтери Ботас неочекувано загуби од агресивниот Лукас Блејкли, по што следуваше дуел помеѓу Мика Хакинен и Јарно Опмер. Мика имаше лош старт, ја допре снежната бариера, па и тој загуби од претставникот на виртуелните трки.
Вториот дуел беше меѓу Германците и Британците. За Германците возеа Себастијан Ветел кој го победи Култхард на Поларис , а потоа Мик Шумахер во борбата против Џејми Чадвик и донесе втора победа на Германија.
Следно, Валтери Ботас се бореше со Опмер во Supercars Lite. Финецот направи неколку грешки, но успеа да заврши прв. Лукас Блејкли го победи двократниот Ф1 шампион, Мика Хакинен, по што Финска испадна од Купот на нации веќе во првата рунда.
Шумахер и Култхард имаа леден дуел на Zeroid X1 rallycross. Британецот го допре парапетот, речиси се преврте, но продолжи да се движи. Мик возеше многу самоуверено и победи со голема предност. Себ излезе како победник во жестока борба со Џејми Чедвик, па и Велика Британија исто така отпадна од понатамошната борба.
По расчистувањето на патеката, вториот дел од трките го отворија екипите на Франција и Норвешка. Норвежаните победија, Петер Солберг беше подобар во борбата со Себастиен Леб. Неговиот син Оливер Солберг го потврди успехот, завршувајќи пред Адриен Тамбе.
Кристоферсон и Кристенсен го започнаа дуелот меѓу Шведска и Скандинавија, подобар беше Јохан. Розенквист и Екстром го продолжија и швеѓаните повторно победија.
Солберг беше пред Тамбе за трета победа во три трки за Норвешка. Неговиот син се бореше со Леб и го исфрли францускиот тим од Купот на нации. Зад воланот на Supercars Lite, Кристоферсон беше побрз од Розенквист, додека Екстром беше пред Кристенсен. Франција и Скандинавија(Nordic) отпаднаа од борбата.
Во борбата помеѓу САД и All Stars тимот, први на патеката излегоа Танер Фауст и Тиери Нојвил, а "ѕвездениот тим" го потврди своето име. Сепак, во втората битка Фелипе Другович загуби од Тревис Пастрана, кој го израмни резултатот.
Ветел и Блејкли се трка на Поларис. Блејкли од eROC влета во бариерата во првиот свиок и Себастијан самоуверено победи. Шумахер исто толку самоуверено стигна пред гејмерот Опмер и Германија поведе со 2-0.
Фауст и Другович го продолжија дуелот меѓу САД и All Start тимот, а победник беше шампионот во Формула 2. Се чинеше дека ледената патека ќе биде тешка за Бразилецот, но тој победи откако американскиот возач запре поради технички проблеми.
Борбата на Германија против гејмерите ја продолжија Шумахер и Блејкли. Мик беше изненадувачки добар на мразот, а возачот на eROC ја прескокна снежната бариера, па претставниците на виртуелните трки, кои го освоија виртуелниот турнир еден ден претходно, испаднаа од понатамошното натпреварување.
Пастрана и Нојвил ја продолжија борбата меѓу САД и All Stars тимот во која Ѕвездите беа посилни и се пласираа во полуфиналето.
Полуфиналните натпревари помеѓу Шведска и Норвешка почнаа со дуелот меѓу Кристоферсон и Солберг на непослушниот Поларис, а победата му припадна на Швеѓанецот. Екстром и Солберг продолжија да се борат на Купра, по што Норвешка израмни.
Потоа на патеката се појавија Солберг и Екстром, кои го продолжија дуелот помеѓу Шведска и Норвешка и сè беше решено за неколку сантиметри. Кристоферсон и Солберг повторно беа во аут, а Норвешка го обезбеди пласманот во финалето.
Германија и All Stars тимот се изборија за второто празно место. Ветел и Нојвил имаа дуел на Поларис, во кој загуби Себастијан. Потоа Друговиќ и Шумахер се тркаа на Купра, пошто Мик го израмни резултатот.
За место во финалето се бореа возачи од две генерации, Себастијан Ветел, кој ја напушти Формула 1 и шампионот во Формула 2, Другович. Бразилецот имаше неправилен старт,па победник беше Себ, но Шуми Јр. загуби од Нојвил. Тимот на All Stars беше бројчано подобар, нокаутирајќи го вечниот шампион, германскиот тим.
Во финалето се сретнаа Норвешка и All Stars тимот. Солберг и Нојвил први заминаа на Купра, а ѕвездите победија со минимална предност. На Поларис, Друговиќ и Оливер Солберг ја продолжија борбата, по што Норвешка го израмни резултатот.
Солберг сениор и Друговиќ излегоа на патеката со Supercars Lite автомобилите. Искуството повторно имаше предност пред младоста, па Петер Солберг ја донесе Норвешка во предност. Тогаш неговиот син се бореше со Нојвил и ја донесе конечната победа на Норвешка.
Утре ќе биде одреден победникот на Трката на шампионите во поединечна конкуренција. Пренос за територијата на Македонија нема обезбедено нити една Телевизија, имаме среќа, па трките во живо може да се следат на Јутјуб каналот на ROC.
Снимка од денешните натпревари и место каде може да ги следите и утрешните дуели:
ТРКА НА ШАМПИОНИТЕ: НОРВЕШКА ГО ОСВОИ КУПОТ НА НАЦИИ
1/28/2023 04:53:00 PM
0
Share to other apps