По огромниот порастот на рејтингот на Формула 1 за време на 2021 сезоната, кога ја гледавме драматичната битка помеѓу Макс Ферстапен и Луис Хамилтон до последната трка, т.е финалниот круг, сега бројките се во опаѓање, но сепак остануваат на високо ниво помеѓу гледачите и фановите во Македонија.
Според најновата анкета, во Македонија има околу 1000 активни фанови на Формула 1 што ги следат инфомациите околу овој спорт на дневно ниво, додека пак неформалната бројка на гледачи кои што активно ги следеа трките изнесува над 125.000 гледачи.
Бројките се во опаѓање и поради укинување на строгите мерки по повод пандемијата, па така македонците имаа се помалку време за следење на ТВ програмите. Секако овде голема улога има и доминацијата на Ред Бул и раното обезбедување на шампионските титули.
И покрај тоа што програмите на Спортклуб се веќе присутни на повеќето кабловски оператори во Македонија, сепак 34% од фановите мора да бараат стримови по интернет за гледање на Ф1 трките, нешто што во последниот дел од 2022 сезоната беше екстремно тешко. Останатите 66% се мирни по ова прашање.
Спортклуб ги има ТВ правата и за оваа 2023 година, па на овој план останува се по старо. Се додека има нелојална конкуренција, нашите телевизии не се заинтересирани да вложуваат во врвниот мотоспорт, и покрај огромниот процент Ф1 фанови кои посакуваат пренос на домашните ТВ куќи.
А кога сме кај гледање трка во живо, тоа е она вистинското за привлекување нови фанови на овој врвен мотоспорт, од резултатите може да се заклучи дека просечниот македонски Ф1 фан не е во можност да посети некој тркачки викенд, а во тоа успеваат само 6% од анкетираните.
Не дека нема желба, но главен проблем се скапите билети, а од минатата година и недостапноста т.е. ограничениот број на GA билети, што никогаш не било случај.
Доколку се има можност за посета во живо на некоја од Ф1 трките, главен погодок имаат тие што беа на Големите Награди на Бахреин, Велика Британија, Сао Пауло, Австрија...
Македонскиот Ф1 фан е верен на Формула 1 и верува дека раководството е на прав пат со вклучување на 21-23 трки во една сезона.
Втор, најпопуларен мотоспорт во Република Македонија е МотоГП. Од другите мотоспортови внимание привлекуваат рели трките и Формула 2.
На прашањето - Што очекувате од новите правила?, поставено на минатогодишната анкета 53% од вас сметаа дека борбата ќе стане поинтензивна, додека
19.1% сметаа дека распоредот на силите нема да се промени.
10.2% од вас точно погодија дека еден од тимовите ќе има значителна предност.
Сепак, 65.9% проценти од македонските фанови сметаат дека новите правила ја оправдаа нивната примена и дека сега претекнувањата се полесно изводливи.
2021 - ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАЃААТ СПРИНТ КВАЛИФИКАЦИИТЕ
- 44.5% одговориле позитивно.
- 36.2% одговориле негативно.
- 19.4% одговориле дека немаат став.
Резултатите од минатата сезона на прашањето - Дали подржувате доаѓање на нови производители/тимови?
- 90.1% Да, повеќе конкуренција ќе биди одкорист за Ф1.
- 5.7% немаа мислење.
- 4.2% Не, има доволно производители.
ВАШИ РАЗМИСЛУВАЊА НА ТЕМА
- Што нема, а би сакале да има на МкФормула1 блогот?
ПОФАЛБИ
- Нема потреба од ништо се е супер и на место!
- Super e sajtot
- Се е ОК
- Се е ок
- ok е
- Ok e
- Се е супер
- супер сте
- Super e
- Инте
- Sve e dobro ,sve ima ok e.
- најдобри сте!
- Super ste, samo taka prodolzete
- Najdobri vo Makedonija
- se e ok
- Супер е се
- SUPER STE
- Ko
- ок
- Се е ок 👌
- Да биде отворен за дискусии
- 👌
МкФ1: Благодариме на подршката!!!
ПРЕДЛОЗИ
- Podcasts ili vodcasts, events shto bi gi doblizil F1 fanovite na makedonija, mozhe i events in real life a ne online, kako gledanje na nekoja trka vo nekoj kafic ili neshto slicno
(неколку пати се направени обиди за заедничко следење на трки, но без успех)
- Јутуб подкаст и анализа на трките
(сосема друг концепт, интересна идеја)
- Poveke intervjua (👌)
- Кој тим на која стаза донеле нови делови за болидите до слики
(поважните новини се опфатени, за слики малку потешко кога не си на патеката)
- nekoi nagradni igri
(потребни се спонзори за ова)
- Postojano informiranje analiza pa duri i sporedi vremenski sto se slucuva le niz godinite na istite pateki potoa moze da se napravi emisija so orezentacii na bolidite i nivnite konstruktorski inzinerski vestini (погодно за ТВ)
- Fan zona (👌)
- Поредовно известувања (👌)
- Povekje statistiki okolu bolidite i vozacite (👌)
- Prevodi od izjavite na strucnite stabovi i samite vozaci (👌)
- Повеќе видеа со превод (👌)
- Poveke i intervjua prevzemeni so vozacite (👌)
- Povekje tehnicki detali i telemetrija od vozacute za da se vidi koj kakov stil na vozenje ima (Тешко остварливо, недостапност на телеметрија)
- Повеќе дискусии (тоа зависи од вас самите Ф1 фанови)
- Интервјуа со луѓе од државава во врска со ф1 (👌)
- Po detalno ako moze obrazlozenie za nivinite sto ke nosat f1 timovite mislam na delovite za bolidot (👌)
- F1 history (👌)
- Retro trki pregled na nekogasnita vistinska F1,koga vozacite bea vozaci,a bolidot bese bolid so V12,V10 atmosverski agregat. (👌)
- Isecok od reportazi so timskite sefovi (👌)
- Што е во рамките на дозволеното, и да има повеќе информации за мото спортот.. (👌)
- Простор да објавуваме слики нир кои одиме по трки (Имате можност да објавувате фотографии)
- Анализи (👌)
МкФ1: Некои се лесно остварливи и веќе ги има, за останатите ќе се потрудиме најдобро што можеме!
ТВ vs Стрим
- On line da gi ima trkite
- Strim od trkite
- Ф1 стрим
- Prenos na trki
- Makendonski live komentar
- countdown do pocetok na trka
- стрим
- Link na f1 trki od sport klub ili drugo sto moze da go rezbereme
- Live Stream bez kocnici
- povekje serveri za gledanie
- Добар ливестреам
- Link so direkten prenos an trkata
- Prenos na makedonski na SK
- Da komentirate vie👌
- У живо
- Direkten prenos vo zivo so komentatot
- Direkten prenos
МкФ1: Се додека државава ќе толерира нелојална конкуренција, добар дел од фановите ќе им биде се потешко да најдат начин да гледаат Ф1 трки. Добар стрим вреди злато во денешно време!
НЕОПРЕДЕЛЕНИ
- ништо посебно
- Nz
- nemam idea
- ништо
- Nisto
- ne znam
- Незнам
ПАТНИЧКИ АГЕНЦИИ
- Организација за најблиската трка во Унгарија.
ХАРДКОР ФАНОВИ
- По објективно информирање
- неитралност и објективност
- Во ред е се освен да не ги МРАЗИТЕ навивачите на Луис
- Да има новости за сите екипи,а не само за Ред бул бидејќи се тим што го сакаат некој од админите на групата.
- pristrasnost
- Објективност. Превише се форсира и префалува Мах, блогот се вика формула1 а не redbull fan page.
- Objektivnost
- Da ste pomalku pristrasni 😁❤️
- Понепристрасни и пореални коментари
- Објективност спрема Хамилтон и Мерцедес
- objektivnost, pomalku navijacki strasti sprema verstapen. pogolema neutralnost.
- Да не се фаворизира Ферари 😉
- Isklucuvanje na vasite simpatii i favoriziranje na odreden tim.
МкФ1: Заедничка поврзаност на повеќето коментари од овој тип е шампиончето - Луис Хамилтон. Од кога ја донесе политиката во Ф1 не вреди ни да се спомене, а не пак да се велича ваква личност. Добар возач, но нула карактер од човек кој не знае на кај тера во својот живот!!! Сите негови политички ставови и обележја кои ги носи биле, се и ќе бидат игнорирани од наша страна! И доста е за него му дадовме и повеќе простор од потребното!
ПРЕДЛОЗИ ЗА РАКОВОДСТВОТО НА Ф1
- Dolevanje gorivo i pogolem izbor na proizvoditeli na gumi
- Ednash godishno site vozaci da mozaat da odberaat druga kola da vozaat
- Polnenje gorivo
- Da se ukinat poveketo zabrani.
- Da bide pod dve sekundi turboto ke bide po interesno ipo atraktivno
- Da nematimski naredbi da propustat konkurent sto se bori najblisku do titulata kako sto bese abu dabi 2021
ЗАНИМЛИВОСТИ
- Omilen vozac kimi raikonen
(верен фан на ICEMAN, ги има многу!)
- ne go sledam blogot
- Sega go otkrivam, mi se dopagja!
(некој не не следи, а потполнил анкета, некој сега не открива.....)
- Да го вратите коментирањето како во група
(Најверојатно се мисли на VIBER групата. Грешката е направена, кој да ти знае дека Вајбер нема да понуди опција за назад!)
Повеќе детали за овие анкетни прашања имате на страницата каде се сумирани анкетните резултати на следниот ЛИНК.
2022 АНКЕТА - Ф1 ФАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА (2 дел)
1/23/2023 02:46:00 PM
0
Share to other apps