Денес, го објави официјалното започнување на процедурата за прифаќање апликации од нови тимови за учество во Формула 1.
Во соопштението на ФИАсе вели дека секој апликант ќе биде подложен на темелна проверка. Евалуацијата на секоја апликација ќе ги опфати параметрите како што се техничката способност и ресурсите на тимот апликант, способноста за привлекување и одржување на средствата потребни за да се натпреварува во Формула 1 на конкурентно ниво, како и искуството на тимот и расположливите човечки ресурси.
За прв пат, потенцијалните кандидати треба да кажат како ќе се справат со прашањата за одржливост и како планираат да постигнат нула емисии на CO2 до 2030 година. Меѓу другото, потенцијалните учесници во Формула 1 мора да опишат како планираат да имаат позитивно влијание врз општеството преку учество во спортови.
При изборот на кандидати ќе се земат предвид долгорочните интереси на шампионатот и мислењето на сите заинтересирани страни.
Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулејем, рече: "Растот и привлечноста на Формула 1 шампионатот е на невидено високо ниво. ФИА верува дека условите се соодветни за заинтересираните страни, кои ги исполнуваат критериумите за избор, да изразат формален интерес за влез во првенството."
"За прв пат досега, како дел од условите за селекција, бараме кандидатите да наведат како ќе ги исполнат стандардите за одржливост на ФИА и како ќе имаат позитивно општествено влијание преку спортот."
"Процесот е логично продолжување на позитивното прифаќање на регулативите за 2026 погонските единици од страна на сите производителите на мотори, што го привлече Ауди во Формула 1 и создаде интерес кај другите потенцијални учесници."
Во моментов Андрети е единствената организација која покажа вистински интерес за влез во Формула 1. Американскиот тим јасно стави до знаење дека сака да стане единаесеттиот тим во Формула 1.
До овој момент, на ова не му се дава големо внимание од страна на Либерти Медиа, иако Бен Сулејем ја искажа неговата поддршка и ги советувал да соработуваат со голем производител.
Процесот што го отвори ФИА е за нови тимови кои најрано би влегле во Формула 1 од 2025 година.
Од друга страна, Калвин Ло, магнат од Хонг Конг, исто така неодамна се заинтересира за врвната класа на мотоспортови. Кинезите би сакале да имаат свој тим и ова може да биде нивна шанса за влез во Формула 1.
Има и други брендови кои се поврзуваат со Формула 1. Тука пред се мисли на Форд, Хонда, можеби Порше, но нивниот влез се најавува преку постоечки Ф1 тим. Утре на презентацијата на Ред Бул многумина очекуваат официјална потврда на партнерство помеѓу Форд и Ред Бул.
Оние производители кои се заинтересирани да влезат во Формула 1 имаат рок до 17 февруари да поднесат прелиминарна пријава и до 30 април да ја поднесат формалната апликација, додека резултатот од евалуацијата на ФИА ќе биде познат до 30 јуни.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.