ФИА официјално потврди дека досега шест производители на погонски единици ги потпишале релевантните документи и се обврзале да учествуваат во Формула 1 од 2026 до 2030 година.
Alpine Racing, Audi, Ferrari SpA, Honda Racing Corporation, Mercedes-AMG High Performance Powertrains Ltd и Red Bull Ford ќе произведуваат и снабдуваат погонски единици од следната генерација за тимовите во Формула 1.
Последен помеѓу нив беше Ферари, што значи дека контроверзите околу прописите за новите погонски единици, помеѓу нив и ФИА се минато.
Мохамед бин Сулејем, Претседател на ФИА: "Потврдата на фактот дека шест производители на погонски единици ќе учествуваат од 2026 година сведочи за силата на шампионатот и одржливоста на техничките прописи развиени заеднички од ФИА, Формула 1 и производителите."
"Моќната ПЕ е во првите редови на технолошките иновации, правејќи ја иднината на Формула 1 поодржлива и одржувајќи ги трките спектакуларни. Благодарен сум за довербата што водечките светски производители на автомобили ја покажаа во нивната посветеност на Формула 1."
Новите погонски единици ќе пристигнат во 2026 година и ќе бидат на сила до 2030 година, а ќе има буџетски ограничувања и за производителите на истите.
Моторот со внатрешно согорување ќе продолжи да биде 1.6-литарски V6 турбо, но ќе има разлики во однос на тековниот, додека хибридниот дел ќе биде значително помоќен и ќе испорачува 350 киловати.
Покрај тоа, погонските единици целосно ќе функционираат на еколошко гориво.
ФИА ПОТВРДИ ШЕСТ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ПЕ ЗА 2026 ГОДИНА
2/03/2023 06:48:00 PM
0
Share to other apps