Макс Ферстапен на високо ниво ја затвори утринската сесија од првиот тест ден во Бахреин. Холанѓанецот го победи Карлос Саинц Јр. за нешто помалку од три десетинки, кој исто така беше брз со неговото ново Ферари.
Не требаше многу време за да го видиме првото црвено знаме, бидејќи штом го стартуваше вториот круг, Фелипе Другович мораше да го паркира својот AMR23 на патеката во четвртиот свиок.
Тоа не беше идеален почеток за болидот на Астон Мартин, кој имаше мал електричен проблем, кој по се изгледа не е нешто посериозно. Сепак, изгубија драгоцено време, во и онака кратката тест сесија, што особено го тангира бразилскиот возач, кој дебитираше на овие тестови со неизвесност дали повторно ќе седне зад воланот на AMR23.
Оваа година претсезоната во Формула 1 има само три тест дена, кои многумина ги сметаат за недоволни.
Макс Ферстапен беше еден од најсолидните возачи во првиот час од сесијата, поставувајќи најбрзо време од 1:34.895, а новиот болид на Ред Бул изгледаше многу стабилно на патеката, без никаков проблем.
РБ19 беше на врвот и во однос на максималната брзина, 323 км/ч со отворен ДРС-систем, нешто што другите ривали не можеа да го достигнат.
Карлос Саинц Јр. стигна до врвот на табелата некаде при средината на сесијата, поставувајќи време од 1:33.253, три десетинки побрзо од тоа на Ферстапен. Шпанецот и Ферстапен беа водечки и по акумулирана километража во првите два часа.
Фелипе Другович работеше напорно откако го имаше проблемот со електрониката, беше најбавен, но најважно беше да се акумулира километражата.
При крајот на сесијата го забележа седмото најбрзо време, а дали тоа ќе биде доволно да остане во болид на Астон Мартин и понатака ќе дознаеме наскоро.
Алекс Албон беше еден од најактивните во текот на целото утро и заврши како лидер по изминати километри. Оваа тест сесија во Бахреин започнаа многу добро за Вилијамс кој сака да продолжи да наопредува оваа година, со веќе искусен возач, која ќе ја има својата четврта сезона во Формула 1.
Макс Ферстапен го искористи новиот сет на C3 пневматиците на Пирели за да го притисне уште повеќе својот болид, па следуваше ново најбрзо време од 1:32.959, со што се врати на врвот од табелата. Ред Бул и Ферари беа многу изедначени во однос на комплетираните кругови.
Па така, Ферстапен беше најбрзиот возач на утринскиот дел од сесијата и од десетте возачи е единствениот што ќе вози и во попладневниот дел. Џорџ Расел на дискретно петто место со Мерцедес АМГ, но и со добар број на комплетирани кругови. Одличен старт за Вилијамс и солидно закрепнување за Астон Мартин по првичните проблеми со електриката.
Непосредно пред почетокот на тест сесијата, од тимот на Хас Ф1 имаа официјална презентација на својот 2023 болид со кратка церемонија во боксот.
За време на презентацијата, која се одржа кон крајот на јануари, тимот го претстави обојувањето на болидот, објавувајќи серија компјутерски фотографии, но подоцна имавме шанси да го видиме новиот VF-23 на патеката во Силверстоун, каде од тимот имаа филмски ден.
Хас Ф1 ја започнува сезоната со нов главен спонзор, менувајќи го своето име во MoneyGram Haas F1 и со нова возачка постава која ја сочинуваат Кевин Магнусен и Нико Хулкенберг. Пјетро Фитипалди остана тест и резервен возач.
На официјалната презентација на Ред Бул RB19 во Њујорк, тимот го покажа новото обојување на минатогодишната шасија. Како и Хас, тимот имаше филмски ден во Силверстоун, но тој беше затворен за јавноста.
Денес за прв пат светот го виде новиот производ на Адријан Њуи со почетокот на првиот тест ден во Бахреин. Немаше посебна церемонија, туку RB19 само возеше на патеката заедно со останатите.
Однадвор, болидот се разликува од минатата година, обликот на носот, страничните отвори за воздух и куќиштето на моторот се сменети.
За време на претпладневната сесија од Ферари беше соопштено дека Фредерик Васер, тимскиотшеф, ја направил првата реконструкција. Руеда, кој беше главен стратег, е префрлен на постојана работа во базата во Маранело и повеќе нема да оди на трките.
За нов главен стратег на Ферари е назначен Равин Џејн, британец со индиско потекло, кој претходно ја извршуваше позицијата стратег. Џејн се школувал на Универзитетот Оксфорд и магистрирал математика и теоретска физика.
Покрај реконструкцијата во одделот за стратегија, Ферари ги појасни и обврските на останатите вработени. Лоран Мекис, тркачкиотдиректор, ќе се фокусира на операциите на тимот, додека Фредерик Васер ќе биде задолжен за односите со возачите, спонзорите, медиумите и главниот менаџмент.
ДЕБИ НА РЕД БУЛ РБ19 И ВЕДНАШ НАЈБРЗ НА ПАТЕКАТА
2/23/2023 12:26:00 PM
0
Share to other apps