Макс Ферстапен го забележа најбрзото време и ја имаше најголема километража на првиот тест ден на патеката Сакир во Бахреин. Фернандо Алонсо беше втор со минимално заостанување, по првичните проблеми со подот на неговиот Астон Мартин. Карлос Саинц Јр. го имаше третото најбрзо време на денот со болидот на Ферари.
Попладневната сесија започна со проблеми за Астон Мартин и за Алонсо кој попладнево беше задолжен за тестирање на AMR23. Шпанецот извозе два инсталациони круга пред да мора да се врати во својата гаража поради проблеми со подот на болидот.
Макс Ферстапен продолжи со акција и во вториот дел од сесијата, додека останатите девет возачи по прв пат ги почувствуваа своите нови болиди. Единствено Серџо Перез ќе мора да почека до утре за да седне во 2023 болидот на Ред Бул, RB19.
По резервираниот прв час од сесијата, Чарлс Леклер и Луис Хамилтон започнаа да се искачуваат на табелата, додека во втората половина, Ферстапен го подобри за една десетинка своето утринско време и ја зголеми разликата на врвот на табелата.
Макс Ферстапен и Ред Бул имаа солиден четврток и ја започнаа тест сесијата на многу високо ниво и без никакви проблеми.
Како и Алонсо, Ландо Норис мораше да помине доста време во својата гаража поради различни поправки и пред се сопирачките, кои повторно се прегреваа. Утринскиот дел од сесијата кога зад воланот на Мекларен беше дебитантот Оскар Пјастри го поминаа без никакви проблеми и вкупно 52 круга, но попладнето беше проблематично.
Фернандо Алонсо со Астон Мартин одлично го надополни целото изгубено време кога можеше да вози без проблеми на патеката и ги достигна бројките на Мерцедес АМГ и Ферари во однос на изминатата километража.
Во последниот час од сесијата успеа да донесе надеж за неговите и фановите на Астон Мартин, со забележување на второто најбрзо време на денот, 0.029 делови од секундата зад Ферстапен на нов сет на C3 жолтите гуми.
Шампионот имаше напорен ден, вложувајќи голем напор во форма на комплетирани 157 кругови,при тоа забележувајќи го најбрзото време, и наутро и попладне.
Луис Хамилтон и Мерцедес АМГ беа едни од најистакнатите во однос на километражата, со дури 83 кругови, како и Ник де Врис, со 85 круга и удвојување на Јуки Цунода кој имаше одредени проблеми во однос на акумулираната километража.
Логан Сарџент имаше одлично деби со 75 комплетирани кругови,и покрај десеттото место на табелата. Добар старт за него и за Вилијамс, на исто ниво со Ред Бул во однос на поминатата километража.
Денот заврши под вештачко осветлување, патеката се олади и стана побрза, па оние кои работеа попладне имаа повисок пласман на табелата. Ова е тест сесија и никој од тимовите не брзаше да го открие брзинскиот потенцијал на своите 2023 болиди веќе на првиот ден од тестирањето.
Сесијата ќе продолжи утре.
ФИА го извести Ферари дека веќе се пристигнати барања од неколку ривалски тимови, кои сакаат да го знаат ставот на федерацијата во однос на усогласеноста на бајпас каналот со техничките прописи.
Ова е сосема нормална практика, во текот на сезоната експертите на ФИА често мора да одговорат на таквите барања. Но, Ферари е уверен дека сите решенија имплементирани во SF23 се апсолутно легални.
Според италијанските извори, таков воздушен канал е технички многу сложено решение, органски интегрирано во дизајнот на болидот, интегрирано со сите нејзини системи, така што ќе биде многу тешко да се копира. Друго прашање е дали ќе функционира во пракса.
Како и секогаш на почетокот од сезоната, вниманието на сите го привлекоа голем број технички карактеристики на болидите на врвните тимови. Но, за разлика од бајпас каналот, не сите моменти што привлекоа внимание не спаѓаат во категоријата новини.
На пример, конусот на носот на болидот на Ферари се деформираше под притисок на воздухот што доаѓа и на него се појави мала вдлабнатина. Малку е веројатно дека ова го смислиле дизајнерите на тимот, па експертите веднаш се согласија дека овој чуден ефект е ненамерен.
Набрзо беше потврдено дека тоа се должи на грешка во склопувањето на конусот на носот, една од завртките била погрешно фиксирана, што веќе било поправено од механичарите на Ферари.
На камерите од болидот на Мерцедес АМГ беа видливи одредени калеми од жици над воланот, што излезе дека се сензори дизајнирани да го мерат однесувањето на болидот, конкретно дејството и интензитетот на вертикалните осцилации.
Тимот на Ред Бул се до утринското излегување на патеката не дозволуваше никој да го види новиот болид и веднаш вниманието го привлекоа ажурираните странични отвори за ладење. Се појавија еден вид длабоки "тунели" кои се протегаат по страната на болидот до неговиот заден дел.
Страничните отвори за воздух на минатогодишниот RB18 веќе беа карактеристично скратени, но начинот на кој тие изгледаат на новиот болид ги тера експертите тоа да го поврзат со старите решенија кои се појавуваа во Формула 1 во претходните години, кои беа наречени "двоен под", се со цел да се зголеми интензитетот на протокот на воздух во областа што се наоѓа помеѓу задните тркала на болидот, вклучувајќи го дифузорот и задниот дел од подот.
Покомпактните отвори за воздух, исто така, сугерираат значителни промени во распоредот на системот за ладење. Општо земено, сите делови на RB19 се одликуваат со агресивни контури и висок степен на софистицираност на сите детали, што е познатиот потпис на Адријан Њуи.
Сепак, може да се каже дека Ред Бул продолжи да го развиваат концептот од минатогодишниот болид, додека многу од нивните ривали се обидоа да ги копираат нивни идеи, чија ефикасност беше потврдена со 17 победи од 22 трки во сезоната.
ПЕРФЕКТЕН ДЕН ЗА МАКС И НОВИОТ БОЛИД НА РЕД БУЛ
2/23/2023 06:38:00 PM
0
Share to other apps