Карлос Саинц Јр. го забележа најбрзото време на утринската сесија од вториот тест ден во Бахреин.
Шпанецот ја подобри досегашната референца на Макс Ферстапен поставена на вчерашниот тест ден и попладнево ќе му го предаде својот болид на Чарлс Леклер.
Логан Сарџент со помош на C5 гумите го имаше второто најбрзо време, пред Фернандо Алонсо кој беше трет и ќе се врати во болидот на Астон Мартин, AMR23, и за попладневната сесија.
Неговата целодневна програма вклучува аеродинамички тестови и подесувања за утринскиот дел, додека во попладневните часови, тимот ќе има симулација на целосна трка, и собирање податоци за нивното тркачко темпо, како што вчера направи Мерцедес АМГ.
Што се однесува до Ферари, во утринскиот дел работеа на елиминирање на вертикалните осцилации кои беа забележани за време на вчерашната сесија. Покрај тоа, од тимот не беа задоволни од однесувањето на SF23 во брзите свиоци.
Стартот беше многу помирен од вчера, без црвени знамиња и со Кевин Магнусен на врвот на табелата. Данецот го победи најбрзото време на Хас и го заврши првиот час на врвот, а веднаш по него следуваше Серџо Перез.
Откако завршија почетните 60 минути, Саинц Јр. се искачи на врвот со она што подоцна се покажа дека ќе биде најбрзото време на досегашниот тек од сесијата. Утринската сесија помина добро за Ферари, веќе имаа нови делови на болидот, и комплетно ја завршија планираната програма.
Најмногу кругови комплетираше Јуки Цунода со болидот на АлфаТаури, тим кој има завидна километража, и како што велат, засега не напаѓаат брзи времиња. Нивната тест програма се заснова на возење со многу гориво и особено да се тестира тркачкото темпо на АТ04.
Во едно утро без интересни случувања и прилично слични распореди, видовме нешто поинакво во Вилијамс. Логан Сарџент беше еден од првите што го возеше C5 гумите на Пирели и ги направи првите квалификациски симулации.
Американецот се искачи на второто место со најмеката гума и беше 63 илјадитинки зад најбрзото време на Карлос Саинц Јр.. Лидер по измината километража беше Јуки Цунода со 85 кругови, пред Перез со 76 и Луис Хамилтон со 72.
Утринската сесија помина без проблеми во однос на издржливоста на болидите. Единствено болидот на Хамилтон загуби мал фрагмент од аеродинамичните елементи на каросеријата, кој беше прегазен од Алонсо, кој беше позади. Британецот се упати кон својата гаража, а Фернандо продолжи да се движи.
Саинц Јр. загуби одредено време во гаражата на Ферари поради проблеми со сопирачките, Јуки Цунода поради менувачот.
Во последните минути беше најавен режимот на виртуелно безбедносно возило, потоа се појавија црвени знамиња и беше најавена проба на стоечки старт со сите болиди на патеката.
Првиот пат стартот беше одложен, имавме дополнителен круг за загревање и повторно стоечки старт, при кој возачите за малку ќе се судреа поради тоа што многумина останаа во место, не реагирајќи на изгаснатите црвени светла.
По паузата за ручек, сесијата продолжува во 13:15 часот.
КАРЛОС САИНЦ ЈР. И ФЕРАРИ СО НАЈБРЗОТО ВРЕМЕ НА УТРИНСКАТА СЕСИЈА
2/24/2023 12:26:00 PM
0
Share to other apps