Чарлс Леклер беше лидер на утринската сесија во Бахреин. Возачот на Ферари беше најбрз на црвените C4 пневматици, следен од Џорџ Расел и Фелипе Другович на C5. Перез заврши четврти, но тој возел само на жолти C3.
Одредени возачи утринава ја имаа последната шанса за настап во новите болиди, бидејќи денес завршува претсезонската тест сесија, пред првата трка од 2023 сезоната следната недела во Бахреин.
Моначанецот направи квалификациска симулација со C4 гумите на Пирели забележувајќи го најбрзото време на утринската сесија. Џорџ Расел и Фелипе Другович од друга страна ја користеа најмеката можна смеша, C5.
Мерцедесот заостана четири десетинки, додека Другович цела секунда. Што се однесува до Ред Бул, денес Серџо Перез е задолжен за возење на RB19.
Мексиканецот заврши четврти, речиси секунда и пол зад Ферарито на Леклер, но само четири десетинки побавно од Другович.
Треба да се напомене дека Перез не ги користеше црвените, туку возеше стинтови само на жолтите медиум гуми.
Сесијата помина без поголеми инциденти, иако беше прекината со два периоди на црвени знамиња. Рано утрото, Перез изгуби дел(сензор) од болидот, поради што сесијата беше прекината за да се отстрани.
Вчера најмногу осцилации имаше болидот на Ферари, денес проблемите за нив беа поврзани со задното крило. Тимот монтираше крило со поголема потисна сила, но ДРС-системот не работеше, па тимот се врати на претходната верзија на крилото.
Потоа, Алфа Ромео на Ботас застана во осмиот свиок поради проблеми со менувачот, која се заглави во петтата брзина, а тоа значеше нов период на развеани црвени знамиња.
Негативниот дел од денот повторно е за Мекларен. Оскар Пјастри успеа да направи само 31 круг, а тимот од Вокинг објави дека се повториле проблемите од првиот ден: пукнатини на предните дефлектори.
Според резултатите од претсезонските тестови во Бахреин, не е лесно да се процени односот на силите, но веќе може да се следат одредени трендови. Ред Бул, актуелните шампиони, се очигледни фаворити за претстојната сезона, Мекларен има сериозни проблеми со болидот, а Астон Мартин би можел да биде главното изненадување на шампионатот.
Некои аналитичари сметаат дека тие се најмалку четврти, па дури може да претставуваат закана за Мерцедес АМГ и Ферари.
Експертите забележуваат дека болидот на Астон Мартин не подлежи на вертикални осцилации или потскокнувања на правците, аспект во кој само болидот на Ред Бул е исто толку добар.
Од тимот коментираат дека доаѓањето на Фернандо Алонсо донесе придобивки за сите. Инженерите се задоволни од неговите повратни информации и велат дека на Шпанецот му требаат многу помалку зборови за да го опише проблемот отколку на неговиот претходник, Себастијан Ветел.
Меѓу другото, високата мотивација на Алонсо се пренесува и во тимот. Енди Стивенсон го опишува ставот на возачот: "Фернандо е подготвен да тргне, но болдиот не е. Десет минути пред да ја напушти патеката, тој веќе стои со кацигата и чека да седне зад воланот."
Како и во минатите денови, Ред Бул и RB19 изгледаат добро во однос на издржливоста и од квалификациското и тркачкото темпо. Ферари е блиску во текот на еден брз круг, но има повеќе абење на гумите. Сепак, сите анализи на резултатите мора да се земат со одредена резерва, бидејќи ова е само тест сесија.
Ниту еден тим не е среќен кога нивниот болид застанува на патеката, но во Алфа Ромео може барем да бидат задоволни со изминатата километража на Валтери Ботас пред да се паркира покрај патеката.
Со комплетирани 72 круга, неговиот утрински биланс е поголем од кој било друг. Брзите времиња не беа во фокусот, бидејќи Финецот имаше прв стинт од 12 круга, потоа 22 круга на C1, 19 круга на C3 и во моментот кога тој застана имаше комплетирано 12 круга на C3.
Постојано се шпекулира дека Ферари ја кријат својата брзина и ќе изненадат следната недела.
Одговарајќи на ова прашање, Фредерик Васер, избра да се насмее...
"Сигурен сум дека сигурно ќе бидеме во првите десет. Секогаш има многу гласини на тестовите, но тешко е да се добие вистинската слика, не знаеме на каква програма работат ривалите. Да речеме дека навистина можеме да се подобриме."
ЧАРЛС ЛЕКЛЕР ВО ПОСЛЕДНИОТ НАСТАП СО НАЈБРЗО ВРЕМЕ
2/25/2023 12:23:00 PM
0
Share to other apps