Макс Ферстапен го забележа најбрзото време на првиот тренинг за Големата Награда на Саудиска Арабија, победувајќи го неговиот тимски колега, Серџо Перез, додека Фернандо Алонсо и Ленс Строл од Астон Мартин беше следни во поредокот.
И покрај нерелевантните услови на патеката, бидејќи главните сесии ќе се одвиваат под рефлектори, кога болидот ти работи добро, работи добро безоглед на се, па така Ред Бул и Астон Мартин ја започнаа сесијата како што им доликува на можностите на нивните болиди.
Возачите на Мерцедес АМГ беа следни на табелата со Џорџ Расел петти и Луис Хамилтон шести, и двајцата за нешто повеќе од 1.1 секунди од најбрзото време.
Карлос Саинц Јр. заврши седми пред Пјер Гасли од Алпин, додека Чарлс Леклер заврши на 11 место во вториот болид на Ферари.
На деветтото место беше Алекс Албон за Вилијамс, додека Јуки Цунода ги заокружи најбрзите 10 возачи со болидот на Алфа Таури.
Еднаш, од почетокот на 2022 сезоната, лидерот на првиот тренинг победил и на неделната трка, и тоа беше кога Ферстапен во 2022 година ја забележа победата во Канада.
Вториот тренинг, кој треба да ни донесе многу порелевантни времиња е закажан за 18:00 часот, а за стрим посетете го нашиот блог, а воедно и Вајбер и Телеграм групите на МкФормула1.
Во Џеда, неколку возачи од различни тимови добија нови елементи од погонските единици.
Во Ферари, Чарлс Леклер и Карлос Саинц Јр. добија нови мотори како превентива, затоа што во тимот изгледа немаат поим кој дел беше виновник за откажувањето на Моначанецот во Бахреин.
Дополнително, Леклер ќе добие нов MGU-H генератор, и како што претходно беше најавено, нова контролна електроника.
Мекларен стави нов мотор, турбо, MGU-H, MGU-K генератори и издувен систем на болидот на Ландо Норис.
На болидот на Серџо Перез беше заменет акумулаторот за складирање на електричната енергија, како и контролната електроника.
Сите овие замени се без последици, освен за Чарлс Леклер, кој поради третата контролна електроника ќе загуби десет места на гридот.
Анџела Кален потврди дека од следната трка повеќе нема да му биде личен тренер и физиотерапевт на Луис Хамилтон. Таа изјави дека ја очекуваат "нови авантури", но не кажа што точно има намера да прави.
"Пред точно седум години на денешен ден, за прв пат бев во падокот на Формула 1 на трката за Големата Награда на Австралија. Денес со задоволство можам да ја споделам веста дека ме очекува нова авантура."
"Луис, ти си најдобриот возач на сите времиња! Ти благодарам за поддршката и за верувањето во мене! Ќе ми биде многу интересно да го следам следното поглавје во вашата кариера, ништо не е невозможно за вас. Продолжете да верувате во себе!"
Луис Хамилтон: "Во изминатите седум години, Анџела беше покрај мене и ми помагаше да станам подобар. Благодарение на неа не само што станав физички посилен, туку и се развив како личност. Tаа е решена да го направи следниот чекор кон нејзините соништа. Ти благодарам за се, и со нетрпение очекувам да видам што носи иднината за вас."
РЕД БУЛ ПРЕД АСТОН МАРТИН НА ПРВИОТ ТРЕНИНГ
3/17/2023 02:57:00 PM
0
Share to other apps