Како и во текот на денот, Макс Ферстапен го имаше најбрзото време на вториот тренинг за Големата Награда на Саудиска Арабија, но Фернандо Алонсо ги раздели возачите на Ред Бул, и заостана само две десетинки зад лидерот.
Вториот тренинг во Џеда се совпаѓа со почетокот на квалификациите и почетокот на неделната трка, па ова е најрелевантната тренинг сесија викендов, од која тимовите се обидоа да го искористат максимумот.
Акцијата започна веднаш со зеленото светло, но возачите имаа проблеми со сообраќајот, па многу брзи круга не беа комплетирани како што посакуваа, но се беше возможно да се поправи во следното излегување од боксевите.
На почетокот повеќето возачи излегоа на жолтите пневматици за средно долги стинтови, за потоа да се шрефрлат на црвените за квалификациски брзи круга.
Традиционално, потоа следуваа долги стинтови, оценувајќи го абењето на гумите. Еден од возачите беше задолжен за испитување на црвените, другиот за жолтите пневматици на Пирели.
За време на квалификациските кругови, Макс Ферстапен беше две десетинки побрз од Фернандо Алонсо и три десетинки пред Серџо Перез. Естебан Окон беше четврти, пред Расел, Гасли и Строл, а Ферари, далеку зад нив.
ФИА ја прилагоди третата ДРС зона на патеката во Џеда. Пред почетокот на викендот беше најавено дека мерната точка се наоѓа на излезот од 27-от свиок, а точката за активирање 170 метри по истиот.
Мерната точка за разликата помеѓу болидите останува иста, а точката за активирање сега се наоѓа на 240 метри по 27-от свиок. Првата и втората ДРС зона не се променети.
На прес конференцијата за тимски шефови, која се одржува помеѓу двете тренинг сесии, Тото Волф, зборуваше за можното заминување на Луис Хамилтон доколку се одолговлекува серијата порази.
"Не ги следам гласините, но знам за нашата сегашна врска со Луис и Џорџ, се друго не е важно. Седнуваме на преговарачка маса кога е важно, кога треба да се разјаснат некои детали, обично зборуваме за датуми."
"Мислам дека Луис нема да го напушти Мерцедес АМГ. Целосно си веруваме еден на друг. Со текот на годините изградивме многу силна врска, немаме причина да се сомневаме еден во друг, дури и покрај тешкиот почеток на сезоната. Со нетрпение очекувам кога ќе завршат овие неуспеси и ќе се вратиме во претходната форма."
"Разбирам дека возачот кој очекува да победи на трки и титули мора да има болид што одговара на неговиот потенцијал. И ако во следните година или две не можеме да му обезбедиме, Луис ќе бара опции да ја продолжи кариерата на друго место. Мислам дека во моментов не е зафатен со барање друг тим, но нема да бидам изнанаден и разочаран од тоа, ако продолжи неуспехот на нашиот тим."
ФЕРНАНДО АЛОНСО, ЗРАК НАДЕЖ ЗА ДОБАР ВИКЕНД ВО ЏЕДА
3/17/2023 05:59:00 PM
0
Share to other apps