Тимовите планираа поголемиот дел од вториот тренинг да го посветат на работа со гумите, минатата година црвените гуми брзо се гранулираа, па за оваа година Пирели избра друга потврда смеша за нив, но на првиот тренинг не успеаја да возат долги серии на кругови.
Утринскиот тренинг беше на два пати прекинат со црвени знамиња, прво поради дефект на ГПС системот, а потоа поради проблеми со хибридниот дел на боолидот на Логан Сарџент, кој беше приморан да го паркира својот Вилијамс на патеката. Поради овој проблем тој не учествуваше на вториот тренинг.
Неговите механичари работеа на неговиот болид, но Амeриканецот не беше во можност да излезе од својата гаража. Кевин Магнусен ги загуби првите петнаесет минути поради проблеми со болидот.
Се очекуваше дожд, па на почетокот на сесијата возачите побрзаа на патеката за да завршат барем дел од планираната програмата, која беше различна за секого. Фернандо Алонсо се реши да вози квалификациски стинт, па го забележа најбрзото време.
По 15 минути почна да врне и повеќето возачи се вратија во своите гаражи, чекајќи го развојот на настаните. Ландо Норис реши да остане на патеката со гуми за суво време, но излета на лизгавите рабници, а Строл странично ја допре заштитната бариера.
Десет минути подоцна, возачите на Ферари се обидоа да возат на гуми за суво, а Расел на интермедија гумите. Асфалтот беше премногу лизгав за гумите за суво, но премногу сув за интермедија, но дождот продолжи.
После тоа акцијата на патеката продолжи само на интермедија гумите на Пирели.
Ленс Строл успеа да го изврте својот Астон Мартин и за малку избегна контакт со заштитните бариери пред да заврши во чакал покрај третиот свиок.
Така, времето на Алонсо забележано на почетокот на сесијата остана најбрзото време, а временската прогноза за остатокот од викендот не предвидува нови врнежи од дожд.
Првиот тренинг се одржа на сув асфалт. Многу тимови донесоа новини, посветувајќи ја сесијата на оценување на нивната ефикасност.
Пјастри, Сарџент и де Врис по прв пат ќе се тркаат на патеката во Алберт Парк, па тие се навикнуваа и адаптираа на нејзините карактеристики.
Поради проблеми со болидот, Ландо Норис не можеше веднаш да започне со работа. Во 11-тата минута, Магнусен помина низ чакал покрај третиот свиок и полека се врати во својата гаража, при тоа попречувајќи неколку возачи во нивниот брз круг.
Во 33-тата минута Јуки Цунода излета во првиот свиок, помина низ зоната со чакал и за малку не се заби во заштитните бариери, но на крајот успеа да дојде до својата гаража.
Во 37-та минута, сесијата беше прекината, беа развеани црвените знамиња, поради дефект на ГПС системот.
Тркачките инженери ја загубија можноста да ги предупредуваат возачите за брзите болиди во нивна близина, па некои буквално застанаа на патеката, што за малку ќе доведеше до инцидент, но ништо не се случи.
Системот набрзо беше обновен, а возачите изгубија нешто помалку од десет минути.
Во 54-тата минута Ферстапен се изврте на патеката по поминување низ рабниците, немаше оштетувања на неговиот РБ19, но сетот пневматици беше отпишан, па Макс се врати во својата гаража.
На четири минути до крајот на сесијата, болидот на Логан Сарџент мораше да го паркира својот болид на тревата на излезот од 12-от свиок поради дефект на хибридниот дел од Мерцедес погонската единица, па тренинг сесијата повторно беше прекината.
Времето беше кратко до самиот финиш, па стјуардите одлучија дека сесијата нема да продолжи. Макс Ферстапен го имаше најбрзото време, со речиси половина секунда предност во однос на Луис Хамилтон, кој беше втор на табелата.
ФИА потврди замена на елементи од ПЕ на неколку болиди. Возачите на Алфа Ромео и Хас добија нови Ферари мотори, втори од трите дозволени за цела сезона.
Покрај тоа, болидите на Расел, Хамилтон, Пјастри, Норис, Ботас, Строл, Алонсо, Магнусен, Албон и Сарџент се опремени со нов издувен систем. Дополнително возачите на Мерцедес АМГ добија и нови менувачи.
За овие промени нема да има казни.
Одредени тимови подготвија нови делови за болидите, но, засега новините не се премногу големи.
На пример, Ред Бул во Мелбурн донесе модернизирано предно крило, на кое, меѓу другото, се појавија и новини во страничните издигнати делови. Покрај тоа, на RB19, одредени делови од каросеријата во пределот на задните тркала се малку променети, со цел да се зголеми ефикасноста на ладењето.
Мерцедес АМГ не е задоволен од брзината на својот нов болид и, очигледно, планираат да направат многу сериозни промени во дизајнот на W14, но тоа ќе се случи подоцна, засега, на подот се појавија дополнителни аеродинамички елементи за подобрување на протокот на воздух насочен кон дифузорот.
Мали промени се претставени од тимовита на Алпин и Мекларен. Фабричкиот тим на Рено доби ажурирани делови на Хало- системот, за да се оптимизира протокот на воздух што минува над A523.
MCL60 во Мелбурн има помал капак над моторот, бидејќи барањата за негово ладење не се толку високи како во трките на Блискиот Исток. Исто така, рабовите на подот беа подложени на некои измени, што беше направено за да се зголемат аеродинамичните параметри на оваа важна област на болидот.
Алфа Ромео, C43, доби малку поинаков облик на носот и предно крило, како и држачи за ретровизори. Болидот на АлфаТаури забележа голем број на измени во долната област, а тимот исто така извести дека дифузерот бил надграден.
Во тимот на Вилијамс на тренинг сесиите ќе испробаат модернизирано предно крило. Ферари и Астон Мартин не пријавија нови делови за овој викенд.
ПЕТОЧНИ ТРЕНИНГ СЕСИИ, КОЈ БЕШЕ НАЈБРЗ ВО МЕЛБУРН
3/31/2023 12:21:00 AM
0
Tags
Share to other apps