Од 2007 година, Формула 1 доделува само ексклузивни договори на производители на пневматици. И така треба да остане и во иднина. Два производители би започнале развојна битка, што ќе доведе до експлозија на трошоците.
Пирели ги обезбедува гумите за Формула 1 од 2011 сезоната. Договорот на Италијанците, кои се и еден од спонзорите на шампионатот, е до 2024 година. Пирели е заинтересиран за продолжување на договорот со ФИА и Формула 1.
Но, изгледа дека компанијата може да се соочи со конкуренција. Според најновите гласини од падокот, од Бриџстоун се многу заинтересиран да се вратат во Формула 1 од 2025 година.
Зголемениот интерес за Формула 1 шампионатот не го одмина и овој јапонски производител на пневматици, па затоа размислуваат за враќање. Ова е добро за Либерти Медиа, бидејќи два апликанти автоматски би ги ставиле во подобра преговарачка позиција.
Се вели дека Пирели во моментов плаќа меѓу 30 и 40 милиони американски долари годишно. Раководството на Формула 1 секако би сакало да добие повеќе во иднина.
Тендерот за ексклузивен снабдувач на Формула 1 во периодот од 2025-2027 година е веќе објавен на 20 март. Тој содржи опција за уште една доплнителна сезона, т.е. 2028 година.
Договорот не ја вклучува само Формула 1, бидејќи кој и да го добие тендерот мора, како што е моментално, да ги обезбеди и јуниорските шампионати Формула 2 и Формула 3.
Заинтересираните страни имаат рок до средината на мај да ја поднесат својата апликација. Потоа тие ќе бидат подложени на интензивно испитување од страна на ФИА во однос на техничките аспекти, кое треба да биде завршено до средината на јуни. После тоа, на ред би дошле преговори за комерцијалната рамка.
Во Пирели се очекува одлуката за добавувачот од 2025 година да биде донесена до летната пауза во август. Пирели јавно изјави дека би сакал да продолжи, но се уште нема поднесено барање. Италијанците прво треба да ги проучат деталите.
Тендерската документација соджи околу 50 страници. Пирели секако ќе има одредена предност на своја страна. Италијанците од 2011 година отсекогаш се ставаа на услуга на Формула 1 и се обидуваа да го имплементираат секое нивно барање, дури и ако не секогаш се совпаѓаа со идеите.
Така, раководството на ФИА и Формула 1 знаат што имаат во Пирели. Особено што барањата за производот на иднината треба да останат слични на денешните. Гумите треба да имаат широк работен прозорец, да не се прегреваат премногу брзо, да се трошат помалку, но сепак да отвораат стратешки опции.
Бриџстоун ќе мора да вложи поголем труд и трошоци, поради дизајнирање нови гуми од нула, двапати во краток временски период. Гуми за 2025 година, а потоа се одново за 2026 година, кога Ф1 болидите ќе се префрлат на новите правила.
За во иднина, ФИА би сакала електронска идентификација на пневматиците. Секако, важна улога игра и одржливоста на производот. Формула 1 сака да го намали своето влијание врз животната средина.
Бриџстоун има долга историја со Формула 1. Јапонскиот производител на пневматици за првпат се појави на патеката во 1976 година. Тоа беше на Јапонското Гран При. Последната нивна трка беше Големата Награда на Абу Даби во 2010 година.
АМУС: БРИЏСТОУН САКА ДА СЕ ВРАТИ ВО ФОРМУЛА 1 ШАМПИОНАТОТ
3/31/2023 11:30:00 AM
0
Share to other apps