Фернандо Алонсо го забележа најбрзото време на втората тренинг сесија, кога резултатите се најважни, додека неговото тркачкото темпо беше за неколку стотинки полошо од тоа на Макс Ферстапен.
Од друга страна, на возачите на Ред Бул им фалеше нешто помалку од две десетинки до најбрзото време на Шпанецот, додека Чарлс Леклер беше речиси половина секунда поназад во квалификациско, но и тркачко темпо.
Вториот тренинг во Бахреин дава најрелевантни времиња, бидејќи се одвива под исти услови и во исто време кога квалификациите започнуваат во сабота, т.е. трката во недела.
Оскар Пјастри имаше излетување од патеката поради проблеми со сопирачките и за малку не се судри со Строл. Ферстапен се пожали на недостаток на грип и стабилност на болидот, Џорџ Расел на силното загревање на седиштето, Чарлс Леклер за работата на кумплунгот.
Механичарите на АлфаТаури го ослободија Де Врис пред болидот на Норис, но Ландо успеа да запре, па ова можеби ќе биде првата казна за 2023 сезоната. Стјуардите го разгледуваат овој инцидент.
Логан Сарџент и Ник де Врис имаа несигурност и излетување при десеттиот свиок, по грешките при сопирање. Интересно, во радио комуникацијата помеѓу Ленс Строл и неговиот тркачки инженер, дознавме дека десната рака се уште не е целосно заздравена, па при острите свиоци мора да се потпре на левата рака.
ФЕРНАНДО АЛОНСО СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО КОНКУРЕНЦИЈАТА
3/03/2023 03:46:00 PM
0
Share to other apps