Новата сезона само што започна, а ФИА и Луис Хамилтон веќе ја приредија првата контроверзност.
На возачите им е забрането да влегуваат во болидот со метални елементи, како накит или пирсинг, но Хамилтон, благодарение на медицинска белешка, ќе вози со нив.
Пред почетокот на првата тренинг сесија за Големата Награда на Бахреин, ФИА издаде известување кое се вели дека сите тимови и нивните возачи се во согласнот со ова правило, освен Луис Хамилтон.
Последователно, Федерацијата објави второ известување во кое објаснува дека Хамилтон може да вози со пирсинг по лекарска препорака, која што ФИА ја прифаќа и, според тоа, нема да има никакви санкции.
Па така, Британецот уште еднаш е изземен од оваа забрана и е единствениот возач на гридот кој ќе вози со пирсинг. Контроверзноста меѓу Хамилтон и ФИА за прашањето на накитот не е нова.
На Големата Награда на Австралија во 2022 година, во забелешките на директорот на трката, Нилс Витич, беше вклучена и забраната за качување в болидите со каков било накит. Забраната стапи на сила дури во јули, кога сите возачи освен Хамилтон почнаа да се придржуваат.
Луис Хамилтон секогаш беше против оваа мерка, уверуваше дека нема да ги отстрани пирсинзите и на крајот доби изземање од ФИА за да може да продолжи да вози со некои негови пирсови.
Контарерзноста се чини ќе продолжи и оваа 2023 година.
На крај зошто ФИА инсистира на ова правило кога тоа не важи за сите возачи. Не е тоа ли дискриминација за која се залагаат да ја искоренат?!?
Едноставно укинете го тоа правило, возачите кои инсистираат да го полнат со "метал" своето тело, нека сами си одговараат за своите постапки и вината на ФИА ќе биде изземена при возачки несреќи!
Вака секоја сезона, секоја трка со отстапки ќе се создава негативна слика во медиумите.
ФИА СО ПРВАТА КОНТРОВЕРЗНА ОДЛУКА НА СЕЗОНАТА
3/03/2023 03:34:00 PM
0
Share to other apps