Серџо Перез беше најбрз на патеката во Џеда, за да ја забележи втората последователна Пол позиција за Големата Награда на Саудиска Арабија, и втора воопшто во неговата Ф1 кариера.
Тоа беше овоможено од дефектот на болидот од Макс Ферстапен. Тимот на Ред Бул веќе потврди дека проблемот настанал поради откажување на погонската оска.
Чарлс Леклер покажа заби со болидот на Ферари, кој се уште останува моќен во квалификациите, но на првиот стартен ред друштво на Мексиканецот ќе му прави Фернандо Алонсо.
Квалификациите имаа слатко-горчлив вкус за Ред Бул. Од една страна, Перез повторно покажа дека нивниот 2023 болид, РБ19, едноставно нема конкуренција и лесно дојде до Пол позицијата, но од друга, Ферстапен имаше механички проблем во Q2 и ја обезбеди само 15-тата стартна позиција.
Фернандо Алонсо уште еднаш ја покажа конкурентноста на AMR23 со третото најбрзо време, кое за утре му донесе старт од првиот ред, поради казната за Чарлс Леклер.
Џорџ Расел направи уште еден добар настап со "лошиот" W14 забележувајќи го четвртото набрзо време, пред Карлос Саинц Јр. и Ленс Строл.
Тимот на Алпин имаше добри квалификации со двата возачи во Топ 10 пласман. Естебан Окон беше седми најбрз, а неговиот тимски колега, Пјер Гасли го заокружи пласманот на најбрзите 10 возачи.
Луис Хамилтон имаше избришано време од последниот негов брз круг кое му го носеше 7-то место на табелата, а првиот беше доволен само за П8, пред дебитантот на Мекларен, Оскар Пјастри со 9-тото најбрзо време.
ЧЕКО НА ПОЛ, ФЕРСТАПЕН СО МЕХАНИЧКИ ДЕФЕКТ
3/18/2023 05:40:00 PM
0
Share to other apps