Изјави од победниците и губитниците на квалификациите за Големата Награда на Бахреин.
ПОБЕДНИЦИ
Фернандо Алонсо, П5: "Досегашниот тек од викендот е многу добар за нас и многу сме среќни што стартуваме во топ пет на првата трка од новата сезона. Минатата година тимот испадна во Q1, а сега се наоѓаме на петтото место на гридот."
"Сите во тимот завршија неверојатна работа и ова е силна основа на која треба да се изградиме додека ја започнуваме сезоната. Ќе видиме што ќе донесе утрешната трка, но ние бевме конкурентни на сите сесии и почнуваме блиску до подиумските позиции. Ако постои можност за таков пласман, тогаш би требало да ја искористиме."
Макс Ферстапен, П1: "Многу сум среќен што сум на пол позицијата. Засега немаме лесен викенд, бидејќи се мачевме да го најдеме вистинскиот баланс и се обидував да го најдам мојот ритам."
"На крај, имавме доста добри квалификации, добро се опоравивме со настапот. Одлично е за целиот тим што утре ќе стартуваме од првиот ред, па пласманот на Чеко е навистина ветувачки за добра трка."
"Како што сите знаеме, за време на трката може да се случат многу работи, но со нетрпение очекувам да видам што можеме да направиме таму на патеката како тим."
Чарлс Леклер, П3: "Позитивни квалификации. Бевме во борба за Пол позицијата, нешто што не го очекувавме овој викенд. Изгледа дека неколку тимови се доста блиску, што ги прави работите повозбудливи за возачите и фановите, и мислам дека тоа е добро за спортот."
"Во однос на тркачкото темпо, може да се најдеме во небрано, бидејќи нашите ривали изгледаа многу силно во таа област за време на тренинг сесиите. Ќе дадеме сè утре и, со дополнителен сет на нови црвени гуми, се надеваме дека ќе имаме добра борба."
ГУБИТНИЦИ
Пјер Гасли, П20: "Јасно, ова не е почеток на сезоната каков што посакуваме, да бидеме исфрлени во Q1, но тоа значи дека имаме место за голем напредок на утрешната трка и дефинитивно се чувствувам позитивно дека би можел да освојам пласман во бодови."
"За жал, денес не се чувствував добро во болидот и тоа значеше дека бевме многу под она што е нашето вистинско ниво. Има многу работа пред нас за да продолжиме со нашето разбирање за болидот и убеден сум дека ќе се вратиме посилни за нашата следна квалификациска сесија."
"Мојот фокус го насочувам кон утрешниот ден и навистина се радувам на трката на која ќе дадам се од себе."
Кевин Магнусен, П17: "Имав сообраќај во последниот свиок на второто возење. Бевме многу блиску, целиот поредок беше згуснат, па изгубив малку од ритамот, но битката не е завршена."
"Малку е тажно, но трката е утре и ќе се обидеме да бидеме подобри. Има уште работи на кои треба да се работи, па ќе видиме како ќе се одвива нашата трка."
Луис Хамилтон, П7: "Мислев дека денес ќе биде полошо отколку штона крајот испадна. Направивме одлична работа и болидот се однесуваше многу подобро на саботниот тренинг."
"Генерално, квалификациите беа во ред. Вчера мислев дека ќе имаме проблеми да влеземе во Q3, но тоа не беше така. Бевме во игра."
"Не знаеме дали го имаме истото тркачко темпо што го покажавме минатата година, но се надевам дека можеме да бидеме во борбата меѓу тимовите зад Ред Бул."
"Навистина сè ќе зависи од тоа какво е нашето тркачко темпо. Искрено, јас сум среќен за Астон Мартин. Неверојатно е да се види нивниот напредок и чекорите што ги презеле."
"Среќен сум за Фернандо бидејќи тој е тука многу подолго од мене, па затоа е добро да се врати во комбинација! Сигурен сум дека ќе имаме добри трки."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО БАХРЕИН
3/04/2023 08:49:00 PM
0
Share to other apps