Макс Ферстапен го забележа најбрзото време на квалификациите за Големата Награда на Бахреин, забележувајќи ја неговата 21-та Пол позиција во кариерата и 82-ра за тимот на Ред Бул, продолжувајќи каде што застанаа на минатогодишната Голема Награда на Абу Даби.
Првите квалификации во сезоната секогаш се моментот на вистината, па овој вечерен час во Бахреин ги сумираше резултатите од долгата и напорна работа. Стоперката ги стави сите на своите места.
Гледавме интересни квалификациски сесии со многу мали разлики помеѓу возачите, па еден погрешен потег со воланот значеше повеќе позиции наназад во поредокот.
Но, Ред Бул веќе имаа предност во претсезонските тестови и, иако сакаа малку да се сокријат на тренинг сесиите, денеска го извадија целиот потенцијал на Хонда ПЕ за да го осигураат првиот ред.
Мора да се каже, дека дел од моќноста криеле и Ферари и Мерцедес АМГ. Чарлс Леклер и Карлос Саинц Јр. беа многу брзи во текот на квалификациите, забележувајќи го најбрзото време во Q1 и Q2 сесиите.
Сепак, во центарот на вниманието денеска беше Фернандо Алонсо и можностите на Астон Мартин. Шпанецот минимално ги победи возачите на Мерцедес АМГ и утре ќе стартува од петтото место.
Со оглед на доброто тркачко темпо и признанието на Леклер дека тука ќе имаат проблеми, не е неразумно да се размислува за нешто повеќе. Расел, Хамилтон, Строл, Окон и Хулкенберг ги комплетираа Топ 10 пласманот.
МАКС ФЕРСТАПЕН И ПЕРЕЗ НА ПРВИОТ СТАРТЕН РЕД
3/04/2023 05:25:00 PM
0
Share to other apps