По двете 1-2 Победи на Ред Бул на првите трки од 2023 сезоната, Луис Хамилтон, зборувајќи за РБ19, искоментира дека никогаш не видел ниту еден друг болид во Формула 1 да има таква предност.
Фернандо Алонсо се спротивстави на ова негово мислење во интервју за францускиот весник L'Equipe, потсетувајќи дека неодамна огромната предност беше на страната на Мерцедес АМГ, а тој период траеше седум години од моментот на преминување кон хибридните погонски единици од 2014 до 2020 година.
Коментирајќи ги зборовите на британецот, кој во овој период освои шест титули во низа, Алонсо рече: "Не се согласувам со него. Во Саудиска Арабија завршив 20 секунди зад Серџо Перез и Макс Ферстапен, но во 2014 и 2015 година тој и Нико Розберг беа една минута пред сите останати."
"Има кратко памтење, можеби старее. Кога управува со обичен болид, се забележува дека има слабости. Претходно немаше потреба да се натпреварува со никого, освен што понекогаш се бореше на патеката со својот тимски колега."
"Хамилтон го држи рекордот за најмногу Пол позиции, но оваа сезона Џорџ Расел води во квалификациските дуели со резултат 2:0. Луис воопшто не заборавил како да вози, но тоа само покажува колку резултатот зависи од болидот, кој сепак е одлучувачки фактор."
Лично, тој е изненаден од напредокот на Астон Мартин и јасно става до знаење дека не очекувал да има толку добар болид толку брзо.
"Во Астон Мартин очекував дека ќе имам конкурентен болид за една или две години, но да се биде во оваа ситуација за шест месеци е одлично. Никогаш не би го замислил ова пред три месеци."
"Неверојатно е да можеш да се бориш за подиумот. Само што дојдов во Астон Мартин, очекував проблем со адаптацијата. Им кажав за мојот стил на возење, за серво воланот. Работевме на тоа од јануари и го подготвивме."
АЛОНСО: ХАМИЛТОН ИМА КРАТКО ПАМТЕЊЕ
3/31/2023 06:58:00 PM
0
Share to other apps