Изминатиот викенд ја имавме првата трка од 2023 сезоната во Формула 1. Макс Ферстапен и Ред Бул имаа одличен почеток на годината во која ќе ја бранат титулата.
Возачите на Ред Бул го обезбедија првиот стартен ред и двојната победа, но не било се така лесно како што изгледаше. За време на режим на затворен паркинг (ParcFerme), Макс и Серџо добиле нови црева за довод на гориво, кои минатата година беа главен виновник за нивното двојно откажување, а за време на трката тимот успеал да ги реши критичните проблеми со менувачот на двата болида.
Сепак, тимот ја ограничил моќноста на моторот за да го зачува за следната трка во Џеда, каде ќе се бара негова максимална моќност. Како и да е, тие го направија она што другите тимови не можеа, да ја поминат трката со ефикасна стратегија во однос на менаџирањето на пневматиците на Пирели.
Следува, 17-19 март, трката за Големата Награда на Саудиска Арабија, каде имаме сосема подруга конфигурација на патеката и која се надеваме дека ќе им помогне на нивните ривали да наметнат борба за победата.
- Џејмс Воулс: Вилијамс дава приоритет на долгорочните цели.
- Палмер: Многу ми се допаднаa претекнувањата на Фернандо.
- Хорнер: Другите тимови можат да го копираат нашиот концепт.
- Кими Раиконен ќе се трка во НАСКАР во Остин.
- Андреа Стела: Брзината на MCL60 ги надмина очекувањата.
- Лоран Роси: Ќе го земевме Гасли и да беше од Бангладеш, подобар е од Оскар Пјастри.
- Алфа Ромео и Еделвајс го продолжија партнерството.
- Чандок: Норис ќе размисли да го напушти Мекларен.
- Доменикали: Ова е момент кој ја одредува кариерата за Леклер.
- Хамилтон: Зборував за проблемите, но не ме послушаа..
- Лоренс Строл: Астон Мартин треба да се сфати сериозно.
- Мекларен го продолжува партнерството со New Era.
- Матијас Лауда: Перез мора да признае дека Макс е подобар.
- Тото Волф: Немаме механички проблем, инаку би настрадал и Астон Мартин.
- Хорнер очекува голема битка во следните неколку трки.
- Фернандо Алонсо, највисоко оценет возач во Бахреин.
- Лоран Роси, Извршниот директор на Алпин вели дека нивниот мотор е само една десетинка послаб од најдобриот.
- Фернандо Алонсо: Ако бидеме силни во следните две трки, ќе имаме многу добра 2023 година.
- Волф за Астон Мартин: Никогаш не сум видел таков скок во Ф1.
- Билетите за трибината CS55 на патеката Каталуња се продадоа за осум минути.
- Ферари се гледа себеси како втор тим и поблиску до Ред Бул отколку до Астон Мартин.
Фернандо Алонсо, во првата трка за Астон Мартин, заврши на третото место и се искачи на подиумот по 99-ти пат во кариерата, претекнувајќи ги на патот Џорџ Расел, Луис Хамилтон и Карлос Саинц Јр..
"Неверојатен тимски резултат и одличен викенд, завршив на подиумот на првата трка од сезоната. Сакав да останам пред главните ривали на стартот и да го искористам нашето тркачко темпо, но трката не ја започнав на најдобар начин, па морав да претекнувам на патеката."
"Но, тоа додаде адреналин, на фановите им се допадна, како и мене. Сега одиме во Џеда. Се надеваме дека ќе го искористиме дополнителното време за работа во воздушниот тунел. Нема да имаме многу следната година."
Тимот на Ред Бул ја започна сезоната со 1-2 Победа, а Макс Ферстапен за првпат се искачи на првото скалило на подиумот во Бахреин.
"Првиот дел од трката беше многу добар, успеав да создадам добра разлика, а после тоа беше потребно само да се следи абењето на гумите. Многу сум среќен што конечно успеав да победам во Бахреин!"
"На следната трка во Џеда ќе имаме сосема поинаква патека по карактеристики, но мислам дека имаме одличен болид. Се разбира, од трка во трка нешто ќе се менува, но RB19 дефинитивно ви овозможува да се борите за победи."
Возачите на Мерцедес АМГ завршија петти и седми во Бахреин, тимот беше четврти по брзина, а нивниот тимски шеф, Тото Волф, изјави дека ја имале една од најлошите трки.
"Ова е еден од најлошите тркачки денови. Болидот немаше доволно брзина за да се бори со ривалите. Брзината на Астон Мартин веќе беше видлива на тестовите, а Ред Бул е на друга планета, нивната предност ме потсетува на нашите најдобри години, па затоа е доста болно за гледање."
"Сега тие ќе ни бидат водилка, треба чекор по чекор да се движиме за да се вратиме во водство, но дефинитивно ќе го направиме тоа. Астон Мартин заврши одлична работа и постигна заслужен резултат. Тие исто така користат мотори на Мерцедес, така што не се работи за погонската единица."
Џорџ Расел, коментирајќи ги резултатите од Големата Награда на Бахреин, изјави дека е сигурен во победата на Ред Бул во сите трки оваа сезона.
"Мислам дека оваа година никој нема да може да му наметне борба на Ред Бул. Подготвен сум да се обложам дека ќе победат на сите трки. Викендов возеа малку побавно отколку на тестовите, што е чудно."
"Но, тие победија толку лесно што можат да си дозволат сè. Можеби нема да можат да ја освојат Пол позицијата секаде, бидејќи болидите на Ферари се исто така брзи во квалификациите, но нивното тркачко темпо нема конкуренција."
Во Бахреин, најбрзиот пит-стоп на трката го направија механичарите на Ферари, кои го сервисираа болидот на Чарлс Леклер за 2.22 секунди. Вкупно, тимовите направија 51 пит-стоп за време на трката. Најбавен беше пит-стопот на Естебан Окон, кога отслужуваше казна од 15 секунди.
Последните трки од минатата сезона и победата во Бразил ги убедија инженерите на Мерцедес АМГ да го задржат концептот на минатогодишниот болид, но се покажа дека е погрешно.
Според АМУС, тие веќе некое време тестираат поинаков концепт со пошироки странични отвори за ладење.
Се уште не е познато кога Мерцедес АМГ ќе може да го донесе новиот концепт, но тоа може да се случи веќе во Баку, по паузата предизвикана од откажувањето на ГН на Кина.
По трката во Бахреин, Чарлс Леклер, зборуваше за заостанување зад Ред Бул и тркачкото темпо на Ферари.
"Да бидам искрен, немаме причина да бидеме задоволни. Изгледа Ред Бул најде некое клучно решение за да постигне сериозно зголемување на тркачкото темпо. Во квалификациите сме речиси изедначени по брзина, но следниот ден на трката сме инфериорни од нив за секунда по круг, а тоа е многу. Треба да работиме на брзина, како и на издржливост."
Квалификациите во Бахреин овозможија да се спореди напредокот на тимовите во зимската пауза.
Црвените гуми, т.е. C3 смешата на Пирели нема големи промени од минатата година, па разликата помеѓу резултатите од квалификациите во изминатата и оваа сезона овозможуваат релативно точна проценка на работата на инженерите.
Сите тимови постигнаа напредок, но конкурентноста во Формула 1 е секогаш релативна. Успехот на Астон Мартин и Вилијамс е импресивен, но Мекларен и Ферари се во втората половина од поредокот.
АМУС излезе со интересна анализа на поразот на Ферари во Бахреин, каде речиси во сите области Ред Бул имаше убедлива надмоќ.
Во исто време, Фредерик Васер, новиот тимски шеф на Италијанците, се обидува да не ја драматизира ситуацијата, но дали е во право кога неуспехот во првата трка од сезоната го отпишува главно на проблеми со поставките?
Пред една година црвените болиди беа најбрзи на патеката во Бахреин, додека минатиот викенд Чарлс Леклер се повлече поради проблеми со електрониката, а Карлос Саинц Јр. финишираше на четвртото место.
Во 2022 година, проблемите започнаа подоцна во сезоната, кога тимот мораше да ја намали моќноста на моторите за да избегне нови откажувања, а обидите да ја зголемат ефикасноста на шасијата само доведоа до фактот дека SF23 започна да ги троши гумите многу побрзо од ривалите.
Болидот на Ред Бул беше јасно побрз во квалификациите, со Макс за 0.973 секунди побрз во саботата отколку пред една година, додека Леклер можеше да додаде 0.558 секунди на својата пол позиција од 2022 година.
Ферари верува дека ако Чарлс направеше уште еден обид во квалификациското финале, можеше да ја освои пол позицијата. Сепак, тие избраа да зачуваат нов сет на црвените гуми за трката.
Теоретски, највисок пласман што Леклер можеше да го има беше третото место, но откажувањето не дозволи да се провери оваа теорија. Болидот на Ферари "издиша" во 39-от круг. Ферстапен до овој момент веќе беше далеку понапред, до вториот пит-стоп имаше повеќе од дваесет секунди предност.
Во исто време, тој помина речиси две третини од растојанието со употребувани црвени гуми, и дури во 36-от круг се префрли на бели. Во Ферари беа принудени да користат бели гуми во вториот и третиот стинт, едноставно затоа што болидот не дозволуваше користење на истата стратегија што ја претпочита Ред Бул.
Болидот на Ред Бул им овозможува на Ферстапен и Перез да штедат гума, а гумите на Ферари СФ-23 речиси изгоруваат. Васер смета дека тоа се должи и на карактеристиките на асфалтот, на патеката Сакир. Теоретски, во Џеда сликата може да биде поинаква.
Големата Награда на Саудиска Арабија има поголемо оптоварување на предните гуми, така што тимовите ќе ги приспособат поставките. Во секој случај, Ферари, доколку сакаат да ја подобрат ситуацијата, треба брзо да дејствуваат.
Ако тимот тврди дека може да победува, не треба да има области во кои е значително инфериорен во однос на ривалите.
Мајк Крак, тимскиот шеф на Астон Мартин, вели дека можа да го потврди напредокот, но апелира да се остане цврсто на земја, бидејќи тимот се уште е далеку од победи.
"Првиот викенд од сезоната беше одличен за нас, но не смееме да заборавиме дека Бахреин има специфична патека и претстојат трки на други патеки кои ќе имаат други карактеристики. Ќе видиме како ќе се развиваат работите, но важно ни е да продолжиме да работиме напорно, а сега треба да се подготвиме за следната трка."
"Но, навистина направивме голем чекор напред, се стремевме кон ова. Многу работи можеа да тргнат наопаку, но имавме среќа по контактот во првиот круг, можеше да имаме и лоша промена на пневматиците, некои други грешки, но успеавме да го избегнеме тоа."
"Да, навистина направиме вистински чекор напред, но за да се процени нивото на напредок, треба да се види како ќе поминат и следните три или четири трки. Сите работат напорно, даваат 100% од себе. Во нашата база во Силверстоун ќе биде извршена темелна анализа на настаните за Големата Награда на Бахреин, по што ќе извлечеме заклучоци и ќе се обидеме да се подобриме на следната трка."
Еден од тимовите кој има многу фанови кај нас во Македонија, секогаш привлекува внимание и е голема штета што не можат да го пронајдат она малку што им недостига за врвни резултати
Џејмс Ки, технички директор на Мекларен, зборуваше за проблемите на MCL60, кои според него се поврзани со промените во техничките прописи за 2023 година.
"Подот на болидите беше подигнат за 15 мм. Кога го направивме ова со нашиот болид, се покажа дека загубите беа многу поголеми отколку што можевме да предвидиме. Се чини дека тоа влијаеше на различни тимови на различни начини."
"До одреден степен, ова се должи на аеродинамиката на подот. Минатата година имаше два правци на равој во оваа област и веројатно го избравме оној до кој се придржуваа повеќето тимови. И тогаш, кога ги направивме промените, тоа стана сериозен удар за нас."
"Се обидовме да ја надополниме загубата користејќи го знаењето што го имавме во тоа време. Но, во септември минатата година, решивме дека веројатно ќе треба целосно да ја смениме насоката на развој и целосно да ја ревидираме аеродинамиката на подот."
"Тоа се многу сериозни промени, а таквите проекти се многу сложени. Мислам дека моментот кога беше донесена одлуката за прилагодување на регулативата и фактот дека тоа особено силно нè погоди, доведе до тоа дека предоцна ја презедовме оваа задача."
ШТО СЕ СЛУЧИ? РЕАКЦИИ И НАЈНОВИ ВЕСТИ ПО 2023 ГН БАХРЕИН
3/09/2023 02:56:00 PM
0
Share to other apps