Давид Санчез, кој беше задолжен за развој на аеродинамиката на болидот, го напуштa Ферари по десет години минати во италијанскиот тим. Одлуката била донесена по Големата Награда на Бахреин, каде што болидот се претстави очигледно полошо од очекуваното.
Францускиот специјалист му се приклучи на Ферари во октомври 2012 година, го предводеше одделот за аеродинамика во 2019 година, две години подоцна ја презеде функцијата главен инженер, а потоа беше директно вклучен во создавањето на F1-75 и SF-23 како шеф на одделот за шасија.
Според Gazzetta dello Sport, главен кандидат за позицијата што ја остави Санчез е Диего Тонга. Мора итно да се преземат мерки, бидејќи во Бахреин, SF-23 покажа крајно непријатен недостаток, неконтролирано абење на гумите поради високото ниво на деградација.
Сега Санчез ќе има прилично долг "одмор" во кој нема да може да соработува со други тимови. Иднината на францускиот инженер, со шпанско потекло, вклучува враќање во Мекларен. Тој веќе беше таму од 2007 до 2012 година во одделот за аеродинамика и, сигурно, ќе биде важно засилување за тимот, кој,исто така, моментално не е на ниво на своите најдобри години.
Според шпекулациите, оставката на Санчез е логичен исход, бидејќи тој беше еден од најблиските соработници на Матија Биното. Неодамна од функцијата главен стратег беше сменет и Инаки Руеда.
Одржан е итен состанок во Маранело, при што Фредерик Васер го собрал целиот персонал на "Gestione Sportiva" и двајцата возачи. Васур и Бенедето Виња, извршниот директор на Ферари, му се обратија на целиот персонал, за да ги мотивираат вработените и побараат поголема одговорност во работата.
Со оставката на Давид Санчез, падна и концептот на болидот од новата генерација на правила. Проблемите со издржливоста на погонската единица, нешто што се сметаше за завршено, во пракса не излезе така. Првично се сметаше дека проблемите се поврзани со електрониката на хибридниот систем, но на крај проблемот е лоциран во моторот со внатрешно согорување.
Но, очигледно, тоа не е единствениот проблем. Засега нема официјално соопштение за одржаниот состанок, туку само краток твит.
"Тоа беше корисен состанок за да се разговара за тоа што се случи викендов и предизвиците со кои ќе треба да се соочиме во блиска иднина."
Но, со сигурност може да се каже дека имало напнати моменти, бидејќи она што се случи во Бахреин не било предвидено во нити едно сценарио. Од Ферари не потврдуваат, но првата цел е враќање на второто место во поредокот, а да се стигне до Ред Бул ќе потрае малку подолго.
ЗЕМЈОТРЕС ВО ФЕРАРИ, ШЕФОТ ЗА АЕРОДИНАМИКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА
3/10/2023 01:06:00 AM
0
Share to other apps