Макс Ферстапен беше најбрзиот возач на првиот тренинг за Големата Награда на Азербејџан, пред Чарлс Леклер и Серџо Перез.
Сесијата започна со многу активност, и за само неколку минути сите возачи веќе беа на патеката, што и беше очекувано бидејќи ова е единствената тренинг сесија за овој викенд каде дебитира новиот Спринт формат. Не беше лесно за сите возачи...
Актуелниот шампион, Макс Ферстапен, беше само 37 илјадитинки побрз од Чарлс Леклер со време забележано во последниот круг од тренинг сесијата во која Ред Бул и Ферари беа многу блиску. Серџо Перез беше трет, Карлос Саинц четврти.
Возачите и тимовите можеа да тестираат само еден час и тоа значеше дека никој од нив не сакаше да изгуби ниту минута. Сите три смеши на Пирели беа испробани во акција.
На комплицирана градска патека како Баку, вообичаено е често да се видат жолти знамиња, што не беше исклучок и на денешниот тренинг. Јуки Цунода беше главниот актер во првиот инцидент на денот кога заработи дупната десна задна гума откако удри во заштитните бариери, што го принуди да се врати во својата гаража.
Неколку минути подоцна, сесијата беше завршена за Пјер Гасли, бидејќи Французинот имаше проблем со хидрауликата на својот Алпин, која истекуваше и при тоа се запали од топлината на издувниот систем од Рено ПЕ. Мораше да најде погодно место да го паркира својот болид, по што беа развеани црвениоте знамиња.
Проблеми во истиот момент и за Кевин Магнусен, кој мораше да го паркира својот Хас во зоната за излетување покрај првиот свиок. За двајцата тоа беше крај на сесијата и за жал ќе мораат да се подготват за квалификациите со многу малку комплетирани кругови.
Во последната четвртина од тренингот, повеќето од возачите, освен тие на Мерцедес АМГ и Фернандо Алонсо, излегоа на црвените гуми за симулација на квалификациски кругови. Фернандо Алонсо имаше проблем со ДРС системот кој не функционираше на неговиот Астон Мартин.
Чарлс Леклер го забележа најбрзото време со минута до крајот на сесијата, две десетинки побрзо време од водечкото на Серџо Перез. Сепак Макс Ферстапен во последните моменти забележа побрзо време од тоа на Моначанецот и со предност од 37 илјадитинки се "намести" на врвот од табелата.
Карлос Саинц Јр. беше четврти, пред Ландо Норис, Ник де Врис, Строл, Алонсо, Албон и Гуанју кој го комплетираше поредокот на најбрзите 10 возачи.
Како што се очекуваше, многу тимови подготвија доста сериозни технички надградби за трката во Азербејџан, а особено надградени верзии на подовите се појавија на болидите на Мекларен и Алпин. Генерално, сите тимови пријавија одредени ажурирања.
На RB19, променет е обликот на страничните отвори за воздух, па тие станаа пошироки и потесни. Како што објаснија од тимот, ова овозможува поефикасна распределба на воздушниот притисок.
Поради помалиот притисок, протокот се насочува кон радијаторите со зголемена брзина, така што ладењето е поефикасно. Тоа, исто така, овозможи помали "жабри" на каросеријата, што дава одредена аеродинамичка предност.
Новите странични отвори за воздух бараа редизајн на врвот на вентури каналите, како и мала промена во геометријата на подот за да се оптимизира протокот на воздух околу нив.
Единственото подобрување што го пријави тимот на Ферари е реконфигурираното задно крило со помал отпор. Ова не е поврзано со особеностите на патеката во Баку, туку само со желбата на тимот да ја зголеми ефикасноста на овој елемент.
На W14, обликот на дефлекторот што се наоѓа помеѓу задната гума и надворешниот ѕид на дифузорот е променет, тоа е направено така што протокот на воздух околу крајните плочи на задните крила станува помалку турбулентен.
Самите крајни плочи исто така се малку изменети во согласност со карактеристиките на патеката, што бара намалување на отпорот на шасијата.
Долните предни триаголни краци на амортизацијата исто така имаат различна форма, што овозможува оптимизирање на протокот на воздух околу предните тркала.
А523 има ново под со целосно редизајнирани Вентури тунели. Во врска со ова, променет е и профилот на предната и задната амортизација, од потребата целосно да се максимизираат можностите и ефективноста на надградениот под.
На болидот на швајцарскиот тим се појави задно крило кое се одликува со намален отпор. Задното крило исто така е редизајнирано во согласност со карактеристиките на патеката во Баку.
Мекларен претстави импресивен асортиман на нови производи, фокусирани на целосно ново подвозје кое овозможува различна распределба на воздушниот притисок помеѓу него и површината на патеката.
Но, на MCL60 има и голем број други, помалку значајни подобрувања, вклучувајќи дополнително задно крило сместено под главното, кое е намалено во големина.
На задното крило на AMR23, формата на главниот хоризонтален елемент е променета, како и подвижниот елемент, бидејќи патеката бара намалување на отпорот во овој дел од болидот.
На VF-23, се појави задно крило со намалени карактеристики на отпор.
Тимот од Фаенца продолжува да ја оптимизира каскадата на дополнителни крила и дефлектори лоцирани во долната област. Новиот под дебитирапе во Мелбурн, а новите елементи претставени во Баку овозможуваат да се зголеми неговата ефикасност.
Тимот наведе и други промени во конфигурацијата на аеродинамичниот комплет на каросеријата, диктирани од карактеристиките на патеката во Баку. Предните и задните отвори за ладење на сопирачките се малку подобрени.
На болидот на Вилијамс беше променет обликот на долниот дел од носот, што беше направено за да се зголеми ефикасноста на предното крило.
МАКС ФЕРСТАПЕН НАЈБРЗ, ЧАРЛС ЛЕКЛЕР НАЈАВИ БОРБА ЗА ПОЛ?
4/28/2023 11:18:00 AM
0
Share to other apps