Чарлс Леклер ја забележа првата сезонска Пол позиција за него и Ферари на квалификациите за Големата Награда на Азербејџан. Со ова возачот од Монако веќе има 19 зад своето име во Формула 1 шампионатот.
Како што најави првата тренинг сесија, гледавме многу интересни квалификации и тесна борба помеѓу Чарлс Леклер и возачите на Ред Бул. Карлос Саинц Јр. не беше на висина на својата задача и не можеше да се приклучи во борбата.
По првите брзи круга во Q3, Макс Ферстапен и Чарлс Леклер имаа исто време! Но, во вториот обид Леклер успеа да ги извлече последните атоми од своето Ферари за старт на неделата трка од првата позиција.
Макс Ферстапен беше за малку подобар од својот тимски колега, Серџо Перез. Друштво на вториот стартен ред на Мексиканецот ќе му прави Карлос Саинц Јр. кој имаше многу грешки, но сепак успаеа да биде четврти.
Луис Хамилтон е петти, а Фернандо Алонсо шести. Во Астон Мартин, повторно, имаа проблеми со ДРС системот, така што има простор за подобрување до крајот на викендот.
Најпријатното изненадување беа возачите на Мекларен, Ландо Норис се квалификуваше на шестата позиција, а Оскар Пјастри на десеттата, додека непријатно изненади Џорџ Расел, кој не успеа да се пласира во Q3.
Следната сесија во Баку исто така ќе биде квалификациска, во сабота наутро, 10:30MK, за време на Спринт престрелката, возачите ќе го одредат стартниот редослед за саботниот спринт.
Во Баку го следиме првиот спринт викенд, кој се одржува по новиот формат, со две независни квалификациски сесии.
Денес, по само една тренинг сесија, која траеше само 45 минути поради црвените знамиња, каде Ферстапен го забележа најбрзото време, возачите ги одржаа традиционалните квалификации, одредувајќи го стартниот редослед за неделната трка.
Утрово болидот на Пјер Гасли беше опожарен поради истекување на хидрауличниот систем. Неговите механичари мораа да ги заменат менувачот и Рено ПЕ, но со наопрна работа успеаа да го подготват болидот на време за почеток на квалификациите.
За прв пат во сезонава, Пирели ги донесе најмеките смеши, C3, C4 и C5 во улога на бели, жолти и црвени гуми.
Во Q1 сесијата сите започнаа на црвените гуми, работејќи во низа кругови. Многу возачи со ситни грешки го попречуваа сообраќајот на патеката. Јуки Цунода ја допре заштитната бариера со десното задно тркало.
Ферстапен мораше во бокс по замена на потпирачот за глава, кој на некој начин успеа да се скрши, стјуардите го разгледуваа овој случај, но се помина без санкции за Холанѓанецот. Потпирачот бил добро прицврстен, но се скршил при возење.
На 12-минути до крај, сесијата беше прекината со црвени знамиња, по грешката на Ник де Врис кој се не можеше да го земе третиот свио и се "заби" во заштитните бариери.
Холанѓанецот не беше повреден, но болидот не можеше брзо да се отстрани, бидејќи се заглави во TecPro бариерите. Дополнително со поправките паузара траеше околу 16 минути.
Само што продолжи акцијата, по неколку минути, црвените знамиња повторно беа развеани, кога Пјер Гасли ги блокираше тркалата при сопирање и удри во заштитните бариери во истиот трет свиок.
Овој пат паузата беше малку пократка. Тркачкиот инженерот на Кевин Магнусен му јави по тимското радио дека мора да се врати во боксот поради проблеми со Ферари ПЕ. Данецот ги заврши квалификациите пред предвиденото.
Естебан Окон и Луис Хамилтон имаа лесен контакт со заштитните бариери со задното тркало, но продолжија понатаму. Чарлс Леклер беше најбрз, додека од понатамошната борба отпаднаа Гуанју, Хулкенберг, Магнусен, Гасли и де Врис.
Во Q2 сесијата повторно се одвиваше на црвените гуми. Карлос Саинц Јр. неколку парти имаше излетување во зоните за излетување, но без поголеми последици по болидот.
По првите брзи круга, Перез го имаше најбрзото време, но при вторите, прво Леклер беше побрз, за на крај Ферстапен да се најде на врвот на табелата.
Џорџ Расел, Окон, Албон, Ботас и Сарџент не се пласираа во финалниот сегмент од квалификациите. Мерцедес АМГ беше трет најбрз тим со мотори на Мерцедес.
Во Q3, Ленс Строл и Оскар Пјастри ги пропуштија првите брзи круга, додека Макс Ферстапен и Чарлс Леклер забележаа идентично најбрзо време од 1:40.445.
При вторите брзи круга, Моначанецот се подобри за две дестинки што беше доволно за Пол позицијата, со оглед на тоа што возачите на Ред Бул забележаа полоши времиња.
ЧАРЛС ЛЕКЛЕР СО ПРВАТА СЕЗОНСКА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ЗА ФЕРАРИ
4/28/2023 02:37:00 PM
0
Share to other apps