Ред Бул, т.е. Макс Ферстапен повторно доминираа и на Големата Награда на Австралија. Но, овој викенд ќе остане запаметен по рекордните три црвени знамиња за време на неделната трка.
Нилс Витич, беше тркачки директор и одговорен за се да помине во ред во Мелбурн. Неговите три прекини на трката предизвика критики во светот на Ф1, но најмногу од губитниците во целата оваа ситуација.
Во Мелбурн, од двете страни на патеката има публика, а фановите се поставени релативно блиску до вистинската акција на асфалтот.
Доколку на патеката се појават остатоци, тие се потенцијални "шрапнели" кои се движат со голема брзина. Еден од фановите го почувстува и самиот кога доби посекотина од скршениот бандаж од болидот на Магнусен.
Воден пред се од безбедноста на возачите и публиката, но можеби и од резултатите на анкетата во која Ф1 фановите ширум светот се изјаснија дека сакаат што повеќе стоечки старта, наместо долги периоди на безбедносното возило, според нас, Нил Витич, беше во право со развејување на црвените знамиња.
Црвените знамиња може драматично да влијаат на поредокот на трката, а фановите, во зависност за кого навиваат, често сметаат дека е неправедно кога некој добива пит-стоп или нови гуми благодарение на прекин на трката.
Понекогаш црвени знамиња играат во полза на одреден возач, а понекогаш и против него. Во Мелбурн, Џорџ Расел немаше среќа со црвени знамиња, но друг ден, среќата може да биде на негова страна.
- Алонсо се надева на конфликти во Ред Бул за добар резултат;
- Ландо Норис: Квалификациите се проблематични за нас;
- Херберт: Ферстапен е еден од најдобрите возачи досега;
- Крак: Лоренс Строл секогаш бара повеќе, веќе прашува за Победа;
- Васер: Ми се допаѓа новиот формат на спринт викенд;
- Џејмс Елисон: Го заслуживме второто место;
- Областа Керпен каде што израснал Михаел Шумахер ќе биде урната;
- Сарџент: Научив многу во Австралија;
- Мекларен сака да освојува поени со брзина, а не поради проблеми на останатите тимови;
- Алдо Коста: Мерцедес АМГ ќе се врати на врвот;
- Пјастри среќен што ги освои првите поени во Ф1 на домашен терен;
- МекКалоу(АМ): Ќе донесеме нова верзија на задното крило во Баку;
- Тост: Во 2025 година Цунода ќе биде подготвен да се пресели во Ред Бул;
- Алонсо: Се тркам со верба дека можам да ја освојам титулата;
- Тото Волф: Карактеристиките на патеката ни помогнаа во Мелбурн;
- Алези: Tркачкиот директор немаше грешки;
- Хулкенберг: Три часа во Ф1 болид се како учество на 24 часа Ле Ман;
- Лука ди Монтеѕемоло: На Ферари му треба ремонт;
- Хелмут Марко: Макс е најдобриот возач во моментов;
- Тимо Глок: Ферари е главното разочарување на почетокот на сезоната;
- Гуанју: Разбрав дека ќе морам да ризикувам;
- Крак: Алонсо покажува неверојатна конзистентност;
- Резултатите на Ботас го вознемируваат и загрижуваат финскиот печат;
- Италија го критикува Ферари и повикува Витич да биде отпуштен;
- Макс Ферстапен: Можев да бидам поагресивен на стартот;
- Отмар Шафнауер: Тешкотиите го зближуваат тимот;
- Чарлс Леклер: Мојот најлош почеток на сезоната;
- Фернандо Алонсо и Андреа Шлагер се разделија;
- Марко: Ова не беше викенд на Перез.
Во Мелбурн, најбрзиот пит-стоп на трката го направија механичарите на Ред Бул, кои го сервисираа болидот на Серџо Перез за 2.11 секунди, втор најбрз за оваа сезона.
Вкупно, тимовите направија 16 пит-стопа за време на трката. Најбавен беше пит-стопот на Џоу Гуанју во 54-от круг.
Во генералниот пласман, Ферари останува во водство, но Ред Бул ја намали разликата. Механичарите на Алпин беа пред Мерцедес АМГ, а тимот на Алфа Ромео ги заработи првите поени со сезоната.
Во Мелбурн сериозно се подготвуваа за тркачкиот викенд, на кој патеката во Алберт Парк ја прославуваше својата 70-годишнина, а денот на трката беше 2 април, роденденот на Џек Брабам, легендарниот австралиски возач, трикратен Ф1 шампион.
Минатата година за четири дена гран при викендот го посетија повеќе од 400 илјади, а во 2023 година беше поставен нов рекорд, 444.631 гледачи. Организаторите веќе почнаа да продаваат билети за Големата Награда на Австралија во 2024 година.
Минатиот декември, тимот на Вилијамс победи во тужба против поранешниот спонзор, ROKiT, кој не ги исполни своите финансиски обврски и мораше да му плати на тимот 32.2 милиони долари плус уште еден милион долари за правни трошоци.
Сега ROKiT го тужи тимот за отштета од 149 милиони долари. Адвокатите на ROKiT тврдат дека од Вилијамс ги увериле дека конструирале конкурентен болид кога преговарале за спонзорства, но ја завршиле сезоната на последното место во шампионатот за конструктори, што негативно влијаело на угледот на компанијата.
ROKiT тврди дека околу 18 јануари 2019 година во седиштето на Вилијамс во Гроув тимот ги информирал нивните претставници дека нивниот нов болид има најдобри перформанси, има Мерцедес ПЕ и одлична шанса да се натпреварува за врвот во пампионатот на конструкторите, и нема да биде побавен од болидот на Вилијамс од 2018 година.
Тимот, исто така, откри дека го ангажирале Педи Лоу од Мерцедес АМГ за да помогне во нивниот развој. ROKiT тврди дека Вилијамс немал средства да развие конкурентен болид, а тимот намерно и со измама го криел овој факт.
Обвинети во случајот, поднесен во Окружниот суд на САД за јужниот округ на Флорида, се поранешниот заменик-шеф Клер Вилијамс, Мајк О'Дрискол и Даг Лаферти, главен извршен директор и главен финансиски директор на тимот.
Зак Браун, извршен директор на Мекларен, е среќен за Ландо Норис и Оскар Пјастри, бидејќи во Мелбурн и двајцата негови возачи можеа да освојат поени.
Во исто време, Браун е подготвен да признае дека MCL60 не е најконкурентниот болид, но тимот подготвува нови елементи за следната трка, која ќе се одржи во Баку последниот викенд од април.
"Имавме "луда" трка, иако овој пат имавме малку среќа. Но, во Саудиска Арабија среќата не беше на наша страна. Јасно е дека се уште не сме на нивото на кое сакаме да бидеме, има уште многу работа, но ова е веќе нешто."
"Многу сме среќни за Оскар, бидејќи австралискиот викенд беше двојно исцрпувачки за него. Ландо и Оскар завршија одлична работа, иако мора да се признае дека на MCL60 сè уште му недостасува максимална брзина."
"Кога ќе можеме да ја зголемиме, ќе ни биде полесно да престигнуваме. Се разбира, ќе се обидеме да го направиме тоа до трката во Азербејџан, како и да постигнеме зголемување на потисната сила. Не може да се очекаат чуда, но очекуваме да направиме чекор напред."
Организаторите на Унгарското ГП зборуваа за веќе започната етапна реконструкција, која ќе биде завршена до 2026 година. Трката во Унгарија се појави во Ф1 календарот во 1986 година и оттогаш се одржува редовно.
Актуелниот договор со Формула 1 е до 2027 година, но предвидена е дополнителна петгодишна опција. Промоторот се надева дека трката ќе остане на Хунгароринг најмалку до 2032 година, но за ова е неопходно инфраструктурата да се подигне до современите стандарди, а пред се да се реконструира падокот и гаражите.
"Инфраструктурата е во таква состојба што повеќе не ги исполнува барањата на ФИА. Сè треба да се надгради и преправи, од големината на гаражите до ширината на падокот и главната зграда."
"Почнавме да разговараме за прашањето за продолжување на договорот пред една година. Со доаѓањето на новите американски трки во календарот, интересот за Формула 1 стана уште поголем, ако воопшто има простор да расте."
"Планираме да изградиме нов влез на патеката, нова зграда за контролата на трката и трибина за 10.000 седишта. Очекуваме дека реконструкцијата на падок ќе биде завршена до трката во 2026 година."
"Преговараме за продолжување на договорот до 2032 година со дополнителна петгодишна опција, па ако тоа се реализира ќе го имаме најдолгиот договор од која било европска патека.
"Реконструкцијата е веќе започната и ќе се одвива во три фази, вклучувајќи ја и можноста за правење на потребните промени кои во иднина ќе му овозможат на Хунгароринг да биде домаќин на МотоГП настани."
"Конкретно, пешачкиот мост преку патеката ќе биде срушен, бидејќи го отежнува гледањето, а наместо тоа ќе се изградат два тунели. Компанијата која до 2010 година управуваше со Хунгароринг, направила големи долгови, но тие постепено се исплатени и сега патеката остварува приходи."
"Билетите за трката во 2023 година беа целосно распродадени пред неколку месеци, па беше одлучено да се постави дополнителна трибина со 2.000 седишта, но и овие билети се распродадоа многу брзо."
"Во моментов имаме најевтини билети, но во иднина сакаме да ги достигнеме другите патеки. Kапацитетот на трибините може да се зголеми на 150.000 седишта, но за тоа ќе биде потребна реконструкција на пристапни патишта."
"Договор со градежна компанија на која ќе и бидат доверени работите за реконструкција треба да биде потпишан следниот јануари, втората етапа на реконструкција ќе започне по трката во 2024 година, и се треба да биде подготвено за трката во 2026 година."
Според Форбс, оваа година на листата на милијардери влегле девет претставници на различни спортови, меѓу кои и Тото Волф. Половина од новодојдените на оваа листа се сопственици и косопственици на американски и канадски тимови во NHL, NBA и NFL, покрај голферот Тајгер Вудс, кошаркарот Леброн Џејмс и единствениот Европеец во оваа деветка, Тото Волф, косопственик и тимски шеф на Мерцедес АМГ Петронас Ф1. Пред Мерцедес АМГ, Тото беше косопственик на Вилијамс.
Рангирањето на тимовите по бројот на освоени поени по три трки во однос на минатата година е јасен показател за нивната форма.
Се чинеше дека за една година тимовите треба да се адаптираат на новите прописи и да напредуваат, но само Ред Бул и Астон Мартин успеаја да го направат тоа.
Првите три трки се одржаа на истите патеки и во приближно исти услови, но огромното мнозинство од тимовите ја започнаа сезоната полошо отколку во 2022 година.
Вилијамс објави дека Пол Асенсио е нов комерцијален директор на тимот. Тој ќе ги преземе своите должности на 10 април и ќе биде одговорен за сите комерцијални и маркетинг активности на тимот од Гроув.
Пред да се приклучи на Вилијамс, Асенсио беше постар потпретседател за глобални партнерства за UFC.
"Многу сум среќен што се приклучувам на Вилијамс. Формула 1 рапидно расте и среќен сум што сум дел од овој процес."
Во 2026 година, Ауди ќе го има своето деби во Формула 1 со тимот на Заубер, кој сега се натпреварува под името Алфа Ромео. Извршниот директор на Ауди Рејсинг, Адам Бејкер, вели дека компанијата активно регрутира вработени за нивната база во Нојбург, Германија и веќе успеале да "врбуваат" техничари од други Формула 1 тимови.
"Формула 1 проектот е важен фактор во трансформацијата на Ауди Спорт во Нојбург. Имаме корист од фактот што околу 200 висококвалификувани вработени во Ауди Спорт се префрлија во Ф1 програмата, што даде огромен поттик."
"Имаме директен пристап до приближно 1.000 техничари во регионот кои работат во локалната автомобилска индустрија за Ауди или нашите добавувачи. Сепак, за да гарантираме конкурентност во 2026 година, сакаме да ја забрзаме фазата на развој што е можно повеќе."
"Дел од нашата стратегија е агресивна програма за регрутирање. Веќе ни се придружија околу 50 технички експерти, меѓу кои и некои од нашите конкуренти. Регрутирањето е секогаш тешко, а задачата станува уште потешка доколку персоналот треба да донесе одлука да се пресели во друга земја со своето семејство."
"Ова мора да го земеме предвид. Сепак, ситуацијата може да се гледа од друга страна. Ако работникот може да се пресели кај друг работодавач без да го промени местото на живеење, тогаш ризиците од губење на персоналот се многу поголеми."
Мајк Крак, тимскиот шеф на Астон Мартин, смета дека имаат добри шанси за победа во Монако.
"Има неколку патеки во Ф1 календарот каде комбинацијата на возачката вештина и нашиот болид може да биде магична. На пример, во Монако или Барселона. Ни недостасува брзина на многу долги правци, тоа не е тајна, знаеме за тоа и веќе работиме на тоа."
"Но, на патеките каде брзината на правците не е толку важна, ќе се чувствуваме посигурни. Сепак, да се биде брз на такви патеки не е лесна задача. Мора да бидете брзи, да избегнувате грешки и да стигнете до финишот, а потоа можете да го процените резултатот."
На вториот рестарт во Мелбурн се случија неколку инциденти, Саинц Јр. и Алонсо, Гасли и Окон, Сарџент и де Врис се судрија меѓу себе, но само Карлос Саинц Јр. беше казнет. Возачите на Алпин беа ослободени откако ги посетија стјуардите, а инцидентот со Сарџент воопшто не се разгледуваше.
Во Ферари ги обвинуваат стјуардите за недоследност и поднеле жалба.
Фред Васер, тимски шеф на Ферари: "Очигледно, реакцијата на стјуардите на инцидентите меѓу Гасли и Окон, како и Сарџент и Де Врис, беше различна. Очекуваме барем отворена дискусија за ова прашање. За доброто на спортот, важно е да се избегнуваат вакви одлуки каде што три инциденти во ист свиок имаат различни последици."
"Слушнавте колку се вознемири Карлос кога дозна дека е казнет без да му биде дозволено да ги изнесе своите аргументи. Требаше да се разгледа инцидентот, како што беше случај со Гасли и Окон."
"Имавме рок од 14 дена за жалба. Ние го направивме тоа точно на време. Сослушувањето може да се одржи за време на викендот во Баку или порано. Би сакале да се направи тоа порано."
"ФИА ќе го разгледа нашиот приговор и ќе одлучи дали може повторно да го отвори случајот. Ако случајот е отворен, ќе има второ рочиште со истите стјуарди за самата одлука."
"Во Австралија направивме чекор напред, но не го реализиравме потенцијалот на болидот. Поради оваа причина, по финишот сите доживеавме чудни емоции. Во Мелбурн тргнавме по поинаков пат за работа со болидот и се чини дека нашите идеи успеаја."
"Сепак, како што кажав, не го искористивме потенцијалот на болидот, особено во квалификациите. Во саботата направивме грешка, Чарлс Леклер го промаши загревачкиот круг, а Карлос Саинц Јр. погреши во првиот свиок."
"Да не беше ова, ќе заземевме место на првиот стартен ред. Вината беше кај тимот, а не на некој друг. Во трката, болидот беше поизбалансиран и подобро се држеше на патеката, што му овозможи на Карлос да се доближи до Ред Бул."
"Во Баку тимот мора да го потврди напредокот постигнат во Австралија. Подготвуваме многу нови делови, но не и за Баку, бидејќи ажурираниот аеродинамичен комплет не е погоден за ова ниво на потисна сила."
"Покрај тоа, кога имаме спринт викенд, не е лесно да се проценат новите производи. Но, ќе имаме надградби во Мајами, Имола, во Монако и во Барселона. За секоја трка ќе носиме нови елементи."
"Подготвуваме нови надградби, но тие нема да го изменат болидот до толку за да се нарече Б-верзија, бидејќи нема да има големи разлики, гледано од надвор. Значи, ќе продолжиме да го ажурираме тековниот болид и ќе се обидеме сериозно да го подобриме."
"Се надевам дека ја избравме вистинската насока за развој и ќе успееме значително да го подобриме болидот. Сè додека е можно да се зголеми потисната сила, тогаш има смисла да се развие тековниот проект."
"Пред почетокот на сезоната развивме програма за развој, која сега ја прилагодуваме во согласност со проблемите на болидот и она што се случува на патеката. Презедовме акција многу брзо и донесовме нови елементи во Мелбурн, но не можеме радикално да го промениме планот за развој по првите три трки."
На трката за Големата Награда на Австралија во Мелбурн, Нико Хулкенберг ги освои своите први поени во сезоната со пласман на седмото место. Сепак, при враќањето во боксевите, возачот на Хас го запре болидот на патеката по инструкциите од тимот.
"Во последниот круг, болидот на момент ја загуби моќноста. Тимот ми рече да го запрам болидот веднаш по финишот."
Како што подоцна се испостави, причината за губењето на моќноста беше дефект на MGU-K, а Хулкенберг имаше голема среќа да стигне до целта. За следната трка болидот на Нико ќе добие нов MGU-K. Бидејќи ова е прва замена сезонава, нема да има казна.
Минатата година на болидите на Хас, MGU-K генераторот откажа четири пати.
ШТО СЕ СЛУЧИ? РЕАКЦИИ И НАЈНОВИ ВЕСТИ ПО 2023 ГН АВСТРАЛИЈА
4/08/2023 10:39:00 AM
0
Share to other apps