За претстојните трки во Азербејџан (28-30 април) и Мајами (5-7 мај), Пирели ги номинираше истите три смеши користени за овие трки минатата година. На Имола (19-21 мај) номинациите ќе бидат помеки од тие за 2022 година.
На градската патека во Баку, тимовите ќе ги имаат на располагање C3 како бели, C4 како жолти и C5 како црвени. Ова е најмекото трио на смеши во опсегот на Пирели, кои се добро прилагодени на тесните свиоци на оваа градска патека, како и на долгите правци каде што болидите достигнуваат максимална брзина од 340 км на час.
Најчеста стратегија за Големата Награда на Азербејџан е со едно застанување, иако некои тимови минатата година застанаа двапати во бокс за да ги искористат предностите на виртуелното безбедносно возило пред крајот. Трката се одржа на почетокот на јуни 2022 година, при што термичката деградација стана фактор поради високата температура на асфалтот.
За Мајами, Пирели номинираше три смеши од средината на опсегот, со C2 како бели, C3 како жолти и C4 како црвени. Фокусот е на разноврсноста на оваа градска патека што се протега околу Хард Рок стадионот, која вклучува 19 свиоци, како и три долги правци.
Трката може да се комплетира со само еден пит-стоп за промена на гумите, како што демонстрираа голем број возачи минатата година со добро менаџурање и почеток на жолтите гуми, иако стратегијата со две застанувања во бокс беше побрз на хартија. Времето во Флорида е променливо, а ризикот од ветер и дожд е уште еден фактор што треба да се земе предвид.
За Големата Награда на Емилија Ромања, избрани се помеки смеши поради малата оптовареност и ограниченото абење забележано на гумите минатата година. C3 ќе бидат бели, C4 жолти и C5 црвени.
Нов квалификациски формат, ќе се пробува и на Имола, возачите ќе може да користат само една смеша во секој од трите квалификациски сесии. Во Q1 ќе бидат достапни само белоте гуми, во Q2 ќе се користат само жолтите, додека црвените гуми ќе бдат достапни за Q3.
Оваа, Алтернативна распределба на гуми, која ќе се користи и на друг тркачки викенд по Имола, ја намалува вкупната распределба на гуми за секој болид од 13 на 11 сетови за викенд.
Новите сини гуми за дожд, на кои нема да им требаат покривки за греење, исто така ќе дебитираат на првата Италијанска трка во годината.
Оваа година, бројот на смеши што Пирели може да ги номинира во текот на целата сезона се зголеми на шест бидејќи е создадена нова смеша во најтврдиот ранг. Тие се нумерирани од нула до пет, од најтврда до најмека, со буквата "C" што значи "смеша".
C0 - Минатогодишната C1 смеша станува C0 за 2023 година. Ова е најтврдата гума во гамата, која ќе биде номинирана за патеките што одземаат најмногу енергија од пневматиците. Дизајнирана е да обезбеди максимална отпорност на топлина и екстремни сили, способна да работи многу долго, но тоа доаѓа на сметка на перформансите.
C1 - Ова е новата смеша за 2023 година која по своите особини се наоѓа помеѓу C1 и C2 од минатата година. Таа беше создадена за да се намали разликата во перформансите помеѓу она што претходно беа двете најтврди смеши во опсегот.
C2 - Третата најтврда смеша останува многу погодна за побрзите, пожешките и поабразивните патеки. Поцврстите гуми понекогаш се номинирани за нови патеки, обезбедувајќи конзервативен избор, така што оптоварувањето на гумите може да се потврди во практични услови.
C3 - Оваа смеша е исклучително разноврсна и може да се користи како најтврда, мадиум или најмека гума од која било селекција од три номинирани смеши. Со одличен баланс помеѓу перформансите и издржливоста, таа е добро прилагодена на широк опсег на услови.
C4 - Оваа смеша е назначено да работи добро на патеки со ниска оптовареност на пневматиците, каде што е потребно доста брзо загревање за да се постигнат врвни перформанси што е можно поскоро. Оваа гума се користи многу во текот на целата сезона.
C5 - Ова е најмеката гума во гамата, дизајнирана за најбавните патеки со мало абење и деградација каде што е потребен максимален механичка зафат(грип) од гумата. Тие обично се гледаат на уличните патеки или каде што асфалтот е исклучително мазен.
ПИРЕЛИ ГИ НОМИНИРАШЕ СМЕШИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ТРИ ТРКИ
4/05/2023 07:46:00 PM
0
Share to other apps