Стефано Доменикали, извршниот директор на Формула 1, зборуваше за календарот на трки, во кој наскоро нема да има место за историските патеки.
"Сегашниот календар ми изгледа избалансиран. 24 трки, оптимален број, трките се одржуваат на различни континенти, продолжуваме да ја истражуваме можноста за одржување на Гран при во Африка."
"Историскиот статус на патеките повеќе не е важен. Не можете да живеете само во минатото. Ароганцијата и самодовербата во обновувањето на договорот само затоа што сте домаќини на трки 100 години веќе не е доволна."
"Мислам дека сите сфатија дека не играме никакви игри. Отворено кажуваме дека ако сакаат да останат во календарот, треба да го направат она што ние мислиме дека е правилно за нив и за Формула 1."
"Јасно е дека во текот на изминатите неколку години перцепцијата за овие историски места се промени, тие се свесни дека Формула 1 стана поинаква."
"Не ја продавам душата на Формула 1. Промената е нормална. Парите се важни насекаде, вклучително и за нас. Ние не гледаме само на пари, целиот пакет мора да биде исправен. Ако ја погледнеме само банкарската сметка, календарот ќе изгледаше многу поинаку."
Но, според тековната состојба во Ф1, нас ни изгледа дека се погладни од кога и да е и се склучуваат големи финансиски зделки со нови патеки, како на пример, 10-годишниот договор за трка во Мајами, кои пред тоа не беа домаќин на ниту една трка.
Ова ни дава причина да веруваме дека Либерти медиа е подготвена да ги замени старите историски со нови здодевни патеки само за да го зголеми нивниот готовински тек.
Покрај за историските патеки, извршниот директор на Формула 1, не навреди или пак не награди нас, долгогодишните, фанови, но повеќе ќе да влече кон навреда, а од друга страна ги "пофали" новите фанови со изјавата дека недостатокот на борба во шампионатот може да ги одврати долгогодишните фанови, но не и оние кои почнаа да ги следат во последниве години.
"На Ред Бул може само да му се честита за добрата работа.
За долгогодишните Ф1 фанови, доминацијата на еден болид го намалува интересот, но на новите пазари, за новите фанови тоа не е толку важно."
"Да, би сакале да видиме поголема конкуренција, но ако го погледнете пазарот каде што имаме раст, овој фактор не е толку релевантен како што изгледа."
ДОМЕНИКАЛИ: НЕ ПРАВИМЕ РАЗЛИКА ПОМЕЃУ ИСТОРИСКИ И НОВОКОМПОНИРАНИ ПАТЕКИ
4/14/2023 11:22:00 PM
0
Share to other apps