Тимот на АлфаТаури излезе со официјално соопштение во кое ги најавија нивните плановите за реорганизација на раководната структура, се со цел да се обезбеди долгорочна стабилност и да се обезбеди континуитет на тимот.
Поранешниот извршен директор на ФИА, Питер Баер, ќе се приклучи на тимот како главен извршен директор подоцна оваа година, додека Франц Тост ќе се повлече од улогата на тимски шеф на крајот од тековната 2023 сезона.
Лоран Мекис, моментално спортски директор на Ферари, ќе се приклучи на АлфаТаури како нов тимски шеф, но датумот кога ќе стапи на оваа фунција ќе биде утврден дополнително.
Франц Тост, кој беше клучна фигура во развојот на АлфаТаури и на неговиот претходник Торо Росо, се приклучи на тимот од Фаенца по неговото создавање во 2005 година и ги предводеше Торо Росо до нивната прва победа, на домашен терен, на Италијанското Гран При во 2008 година.
По неговото ребрендирање како АлфаТаури, повторно го предводеше тимот до победата во 2020 година, победувајќи во Монца по втор пат.
Со оглед на тоа што тимот беше задолжен за развој на млади возачи за идни успеси во Ф1, за време на неговото "шефување", тој помогна во успехот на многу возачи, меѓу кои се четирикратниот Ф1 шампион Себастијан Ветел, двократниот Ф1 шампион Макс Ферстапен, како и Даниел Рикиардо, Пјер Гасли, Карлос Саинц Јр..
Препознавајќи го неговиот долгогодишен придонес за тимот и неговите возачи, за Франц Тост од следната 2024 година ќе биде обезбедена консултантска улога.
Питер Баер се придружува на тимот на АлфаТаури како извршен директор, откако неодамна беше извршен директор на Ф1 и генерален секретар за спорт во ФИА. Тој ќе ја надгледува стратешката насока на тимот во неговите капацитети во Фаенца и во Британија.
Назначувањето на Лоран Мекис за тимски шеф на АлфаТаури го враќа актуелниот спортски директор на Ферари во тимот со кој постигна многу од неговите рани успеси, прво како тркачки инженер и на крајот како главен инженер и шеф за перформанси.
По неговиот прв ангажман во Фаенца, Лоран помина четири години во ФИА како шеф за безбедност и заменик тркачки директор, пред да се приклучи на Ферари во 2018 година.
Лоран Мекис и Питер Баер ќе имаат различни задачи, но одговорноста ќе биде подеднаква.
Франц Тост, рече: "Најпрво, би сакал да му се заблагодарам на Дитрих Матешиц, кој ми даде неверојатна можност да бидам тимски шеф на Торо Росо и АлфаТаури во изминатите 18 години. Беше вистинска привилегија да го водам тимот толку долг период и големо задоволство да работам со толку многу мотивирани и вешти луѓе, кои ја делат мојата страст за Формула 1."
"На 67 години, време е да се повлечам, а во Питер, како нов извршен директор и Лоран како тимски шеф, најдовме двајца професионалци, кои ќе го издигнат тимот на следното ниво. Сакам да им се заблагодарам на сите за добрата соработка."
Лоран Мекис, новиот тимски шеф, изјави: "Прво, би сакал да му оддадам почит на Франц за одличната работа што ја направи во текот на речиси две децении на чело на тимот од Фаенца. Му посакувам се најдобро во иднина и знам дека и Питер и јас ќе се потпреме на неговиот придонес и совет во наредните времиња."
"Гледајќи напред, чест ми е да ја преземам улогата на тимски шеф и да се вратам во тимот каде што поминав голем дел од мојата рана кариера. АлфаТаури ги има сите состојки неопходни за поголем успех во иднина и во тандем со Питер со нетрпение очекувам да го направам тоа."
Питер Баер, новиот извршен директор, вели: "Исто така, би сакал да му се заблагодарам на Франц за неговата посветеност кон тимот на АлфаТаури, како и неговиот претходник, Торо Росо. Неговата посветеност на развојот на млади таленти резултираше во тоа што 25% од моменталните возачи имаат корист од неговото водство."
"И за мене е голема привилегија да ја преземам улогата на извршен директор во Тимот и да работам заедно со Лоран. АлфаТаури има фантастичен тим од луѓе и одлична инфраструктура во Фаенца и во Британија."
"Со нетрпение очекувам да се надоградам на тие клучни елементи за да ги зголемам перформансите, надвор од патеката и да му донесам на тимот уште поголем успех во наредните години."
АЛФАТАУРИ ДОБИВА НОВО РАКОВОДСТВО, ТОСТ ЗАМИНУВА ОД ПОЗИЦИЈАТА ТИМСКИ ШЕФ
4/26/2023 08:35:00 PM
0
Share to other apps