По рекордната пауза на почетокот од сезоната, Ф1 и тимовите ги очекува пеколен период од шест недели во кои ќе видиме дури пет трки.
Се започнува од Баку и ќе заврши во Барселона, од петок, 27-ми април, кога започнува акцијата во Азербејџан, до 4-ти јуни, кога е закажана Големата Награда на Шпанија.
Од брегот на Каспиското Море следува долгото патување во Мајами, на брегот на Атлантикот. Една недела одмор и назад во Имола, а потоа следат Монако и Барселона, што ќе доведе до уште една недела одмор пред да се преселиме во Канада.
Ако ја сметаме и оваа трка, имаме шест настани за осум недели, т.е. два месеци. Тоа, не е баш она што го сакаат тимовите, а камоли тимските механичари и персонал. Плус, логистиката е најголемиот проблем кога имаме прекуокеански далечини.
Либерти Медиа настојува да го реши овој проблем, но во тој процес има големи шанси да настрадаат традиционалните текови на Формула 1 на сметка на интересите на промоторите на тркачките викенди.
Вака, од една страна, имаме персонал кој "прегорува", а од друга страна, проблем е да се воведат надградби или да се развијат нови делови и пред се проучи однесувањето на болидот.
Ако пак некој возач го уништи својот болид, тоа може да има двојно поголема цена. Покрај трошоците за инцидентот, следуваат дополнителни трошоци за авионски превоз на набрзина изградени делови.
Има и такви кои почнуваат да се плашат дека Либерти ги подготвува тимовите да се соочат со календар до 30 трки! Сега тоа не е возможно, но во 2026 година, кога треба да се потпише нов конкорд договор, се е возможно. Во моментов, календарот за 2024 година, кој допрва ќе се дискутира, се базира врз основа од 24 трки.
СЛЕДУВААТ ПЕКОЛНИ 6 НЕДЕЛИ, СО 5 ФОРМУЛА 1 ТРКИ
4/26/2023 11:38:00 AM
0
Tags
Share to other apps