Изјави од победниците и губитниците на квалификациите за Големата Награда на Азербејџан.
Чарлс Леклер, П1: "Изненаден сум од Пол позицијата! Пред почетокот на викендот, мислевме дека ќе биде одлично ако успееме да ги победиме Астон Мартин и Мерцедес АМГ во квалификациите, но на крајот ние сме на врвот!"
"Ова беше пријатно изненадување, но да не заборавиме дека на трките нашиот болид се уште е инфериорен во однос на Ред Бул, па нема да биде лесно да се задржи водството, но тоа е целта."
"Многу сум задоволен од тоа како го извозев кругот, но овој викенд сите возачи имаат многу тешка задача, бидејќи имавме многу малку време за тренинг. По само една тренинг сесија моравме, скоро веднаш, да тргнеме во квалификации, но уште од првите кругови болидот остави добар впечаток, па затоа сум многу задоволен."
"Но, веќе утре не очекуваат нови потешкотии, бидејќи сè уште не сме работеле со жолтите пневматици, па за прв пат ќе мораме да ги пробаме веќе во саботните квалификации."
"Згора на тоа, ќе треба веднаш да забележиме добро време, бидејќи имаме само еден сет на располагање, така што нема простор за грешка. Сепак, бидејќи болидот е способен за добро темпо, се надевам дека ќе можеме да ги средиме работите во текот на првите два квалификациски сегменти за да нападнеме со полна сила во финалето."
Ландо Норис, П7: "Ако некој ми ја понудеше седмата позиција пред квалификациите, дефинитивно ќе прифатев, бидејќи ова е навистина добар резултат. Надградбите функционираат ефикасно, болидот се покажа во добро светло на оваа патека, иако ми се чини дека можев да има и подобар круг."
"Денеска можевме да се искачиме на 4-та позиција, па да бидам искрен, малку сум разочаран. Заедно со тимот не донесовме најправилни одлуки, но освен тоа, генерално, впечатоците од квалификациите се позитивни."
"Одлично е што тимот подготви висококвалитетни надградби кои работеа веднаш, така што јас имам доверба во болидот и досега сè се одвива без проблеми."
"Се обидовме да го намалиме отпорот на MCL60, а за оваа патека целта беше да ја намалиме потисната сила. Новиот под е доста ефикасен, но сега треба да направиме фини подесувања."
"Патеката во Баку добро ни одговара, и затоа што нашиот болид добро се справува со сопирањето, па денес функционираше цела комбинација на фактори, но сепак моравме да се искачиме на повисоки позиции. Сепак, утре ќе имаме шанси за добар резултат и ќе се обидеме да освоиме што повеќе поени."
Јуки Цунода, П8: "Пред се, целиот тим заврши одлична работа. Нашата слабост беше брзината на правците, па сите во Бичестер работеа напорно за да донесеме надградби кои би не направиле поконкурентни, па затоа сум задоволен од резултатот и возбуден за иднината."
"Штета е како завршија квалификациите за Ник бидејќи изгледаше силно за време на тренинг сесијата, но мило ми е што е добро. Гледајќи ги моите квалификации, среќен сум што успеав да ги максимизирам перформансите на болидот со мојата прва П8 позиција за оваа година."
"Тоа е чекор во вистинската насока и освојувањето на поени е реално остварлива цел во текот на овој викенд, така што ќе продолжиме да работиме за да најдеме уште повеќе перформанси за спринтот и неделната трка."
ГУБИТНИЦИ
Џорџ Расел, П11: "Сакав да се пласирам во Q3, и давав сè од себе. За жал, овој викенд, ние едноставно не сме доволно брзи. Мојот прв круг во Q2 беше добар, но направив грешка при последното возење."
"Можеби ќе ми беше доволно само да се провлечам во Q3, но мислам дека не можевме да се квалификуваме многу повисоко од П8. Нашиот омилен спорт е чуден понекогаш. Од пласман на првиот стартен ред во Мелбурн до испаѓање во Q2 денес. Имаме уште една шанса утре, но сигурно не е идеален петок."
"Баку е уникатна патека и ако требаше да изберете каде да имате лоши квалификации, веројатно тоа би било овде. Не гледам причина зошто не можеме да возвратиме во недела, а ќе видиме што можеме да направиме утре."
Ник де Врис, П20: "Денес имав многу разочарувачки квалификации. Нашиот пакет изгледаше навистина силен за време на Т1 и се надевавме дека тоа ќе го искористиме во квалификациите."
"Ја започнавме сесијата со мало назадување што мораше да се истражи. Сè уште не сум можел да разговарам со тимот, па пред да избрзам до заклучоци, сакам да ги разгледам и анализирам податоците, да видам што навистина се случило. Во очекување на нов почеток утре, се надеваме дека ќе се бориме за П7 и П8."
"Историски гледано, Баку може да биде прилично незгоден, особено на стартот, па ќе видиме што ќе се случи. Ажурирањата што ги донесовме овде изгледаат ветувачки, така што вечерва ќе анализираме каде можеме да се подобриме до крајот на викендот."
Пјер Гасли, П19: "Тежок и неуспешен ден. Благодарен сум на механичарите кои го поправија болидот помеѓу тренинг сесиата и квалификациите. Ова беше ден кога сè работеше против мене."
"Сега, размислувам за утре, кога ни претстојат уште квалификации и спринт во кој се добиваат поени. Ќе извлечеме заклучоци и ќе продолжиме понатаму."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО БАКУ
4/28/2023 07:34:00 PM
0
Share to other apps