Новиот формат на тркачките викенди кои вклучуваат саботен спринт беше едногласно одобрен на денешниот состанок на Комисијата за Формула 1, а веднаш потоа и од светскиот совет за моторни спортови.
Значи, почнувајќи од претстојниот викенд во Баку, каде е закажан првиот тркачки викенд со спринт, ќе се одржат две квалификациски сесии. Во петок ќе имаме стандардни квалификации, а во сабота, наместо втор тренинг, за прв пат ќе има квалификации наречени Спринт престрелка.
Покрај во Азербејџан, овој формат на викенди ќе биде и во Австрија, Белгија, Катар, Остин и Бразил.
СПРИНТ ФОРМАТ
Ф1 Комисијата едногласно гласаше за промени во форматот на тркачките викенди со СПРИНТ. Тие ќе стапат на сила веќе следниов викенд за 2023 Големата Награда на Азербејџан, каде е закажан првиот СПРИНТ викенд во оваа сезона.
ФИА, Формула 1 и сите тимови, по дискусијата на состанокот на Ф1 Комисијата во февруари, работеа на предлози за подобрување на Спринт форматот, т.е. како може да се зголеми нивото на интензитет на патеката во текот на викендот, создавајќи што повеќе сесии со натпреварувачки спортски исход.
Советодавните комитети на спортот и клучните засегнати страни во Формула 1 се насочија кон формат на Спринт кој постои одделно во рамките на тркачкиот викенд и не резултира со тоа да Спринтот го одредува стартниот поредок за главната трка во недела, давајќи поголема неизвесност преку намалување на времето за тренинзи и обезбедување поголем поттик за возачите да се тркаат пожестоко во сабота.
СПРИНТОТ ќе стане самостоен елемент, со квалификациска сесија, која ќе се вика СПРИНТ ПРЕСТРЕЛКА, на која ќе се одреди стартниот редослед за саботниот СПРИНТ, кој ќе го има истиот систем на поени како и минатата сезона.
Според тоа, исходот од Спринтот повеќе нема да го одредува стартниот поредок за неделната трка, туку тој ќе биде одреден на петочните стандардните квалификации каде и статистички се доделува Пол позицијата.
Предлозите што се договорени од сите засегнати страни резултираат со следните промени во форматот:
ПЕТОК - Една тренинг сесија, проследена со Квалификации (стандарден формат).
САБОТА - Квалификации за спринт (спринт престрелка) проследени со спринт.
НЕДЕЛА - ТРКА.
Спринт престрелката ќе биде скратена верзија на стандардните квалификации:
- SQ1 за сите 20 возачи ќе биде 12 минути.
- SQ2 за преостанатите 15 возачи ќе биде 10 минути.
- SQ3 за преостанатите десет возачи ќе биде 8 минути.
ПНЕВМАТИЦИ:
- За Спринт викендот во Баку, распределбата на пневматици ќе биде 2x БЕЛИ, 4x ЖОЛТИ, 6x ЦРВЕНИ.
- Враќањето на гумите ќе биде по Т1 и Спринтот.
- Ќе има ограничување од 1 сет на задолжителни неискористени гуми за сува патека за секој сегмент на Спринт престреклата. Оттука: SQ1: 1x жолти, SQ2: 1x жолти, SQ3: 1x црвени.
АПЛИЦИРАЊЕ НА КАЗНИ:
- На трката ќе се применуваат доделените грид казни добиени на Тренинг 1 или Квалификациите.
- Грид казните добиени во спринт престрелката ќе важат за спринтот.
- На трката ќе се применуваат грид казните добиени за време на Спринтот.
Прекршувањето на правилата на затворен паркинг (parc fermé) ќе резултираат со старт на пит-линијата на Спринтот и неделната трка.
Казните поврзани со елементите на ПЕ(погонската единица) ќе важат само за Трката, освен во случаите кога истите претставуваат и прекршување на правилата на затворен паркинг.
По ова успешно гласање и последователно одобрување од страна на Светскиот совет за моторни спортови со е-гласање, сите засегнати страни веруваат дека ова ќе го зајакне спектаклот на тркачките викенди со Спринт формат и ќе ја подобри акцијата на патеката за гановите ширум светот.
АЖУРИРАЊЕ НА ТЕХНИЧКИТЕ И СПОРТСКИ ПРАВИЛА
Од Ф1 комисијата беа одобрени помали ажурирања на техничките и спортските регулативи за 2023 и 2024 година.
На состанокот беа разгледани предлозите за зголемување на бројот на дозволени елементи од погонската единица, и беше одобрено зголемување на бројот на дозволени мотори (ICE), турбо полнач, MGU-H и MGU-K елементи за 2023 година од три (3) на четири (4).
Процедурата за формирање на стартниот поредок на неделната трка ќе се зголеми од 40 на 50 минути. На одредени трки ова дополнително време ќе биде искористено за претставување на возачите пред публиката на патеката.
Ажурираната дефиниција за "работа на болидот" за време на доделените временски казни во бокс, што беше воведена како спортска директива во март ќе биде вклучена во спортските правила.
Исклучување на трошоците за иницијативи за одржливост
Финансискиот советодавен комитет (FAC) предложи финансиските трошоците на тимовите во однос на одредени иницијативи за одржливост од 2023 година да бидат надвор од ограничените буџети.
Овие исклучоци ги покриваат, меѓу другото, трошоците поврзани со инсталирање на одржлива инфраструктура, ревизија и следење на јаглеродниот отпечаток на конкурентите, донации за добротворни организации ангажирани во промоција на проекти за одржливост на животната средина и програми за јаглерод офсет. FAC ќе продолжи да ја усовршува оваа регулатива.
Сите регулаторни измени беа одобрени со електронско гласање на Светскиот совет за моторни спортови.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.