Стјуардите ја повикaa Формула 1 да ги разгледа правилата за формирање на гридот зад безбедносното возило пред рестарт на трката со стоечки старт.
За време на Австралиското Гран При, по инцидентот на Алекс Албон, беа развеани црвени знамиња, па возачите мораа да се наредат во пит-линијата. Потоа беше најавен рестарт, возачите се вратија на патеката и се наредија во потребниот редослед.
Но, по пат имаше еден многу опасен момент кој беше предизвикан од невообичаено бавниот Луис Хамилтон, кој до толку го забави темпото на формацискиот круг што некои дури и се прашуваа дали нешто не е во ред со неговиот болид.
Ова во комбинација со фактот што Џорџ Расел, П7, имаше проблем при напуштањето на пит-линијата и како резултат на тоа беше мораше да забрза, како и возачите позади него, за да го врати заостанувањето зад возачите пред него, можеше да предизвика сериозен инцидент со тешки последици.
Понатаму, Џорџ Расел беше принуден ненадејно да ја намали брзината откако го стигна невообичаено бавниот преден дел кој беше закочен од Луис Хамилтон, а потоа и остантите возачи зад него мораа да преземат евазивни мерки за да спречат да се случи голема несреќа.
Серџо Перез за малку ќе се судрише со Џоу Гуанју, додека Логан Сарџент беше блиску да удри во другиот болид на Алфа Ромео. Кевин Магнусен, кој возеше со голема брзина, исто така беше принуден да преземе акција за избегнување со својот Хас и отиде низ чакалот покрај патеката за да избегне да удри во други болиди пред него.
Моментот беше прегледан од страна на стјуардите на трката по Австралиското ГП и тие истакнаа дека ниту еден возач не може да биде особено одговорен за инцидентот што можеше да резултира со голема несреќа во која учествуваа многу болиди.
Како една од причините за појава на ваква опасна ситуација, стјуардите ја посочија регулационата ставка од правилата што му овозможува на лидерот да го диктира темпото, што е добро при летечки рестарт на трката, но не и кога следува стоечки рестарт.
БАВНИОТ ХАМИЛТОН, МОЖЕШЕ ДА ПРЕДИВИКА ОПАСЕН КАРАМБОЛ
4/03/2023 06:27:00 PM
0
Share to other apps