Ен Хофман, сега поранешна главна уредничка на германскиот неделник Die Aktuelle, остана без работа откако објави лажно интервју, генерирано од вештачка интелигенција, со Михаел Шумахер.
Семејството на седумкратниот Ф1 шампион соопшти дека ќе го тужи Die Aktuelle, но самата издавачка куќа Funke Mediengruppe презеде итна акција: Хофман, која беше во редакцијата од 2009 година, е отпуштена.
"Таква невкусна и погрешна публикација не требаше да се појави", рече Бјанка Полман, управен директор на Funke во соопштението. "Не го исполнува стандардот на новинарството што нашите читатели го очекуваат од издавачка куќа како нашата."
"Како резултат на овој напис, преземени се итни мерки: Ен Хофман, главен уредник на Die Aktuelle, е ослободена од нејзината функција."
Секако, во соопштението на Funke Mediengruppe има и официјално извинување до семејството на Михаел Шумахер.
ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА VS РЕАЛНОСТ
4/23/2023 01:13:00 PM
0
Share to other apps