Мерцедес АМГ го реорганизираше својот технички персонал и, како резултат на оваа промена, Џејмс Алисон и Мајк Елиот ги заменија своите улоги во тимот од Бракли.
Откако во 20222 година беа воведени новите прописи во Формула 1, Мерцедес АМГ не ги постигна очекуваните резултати.
Првиот болид од новата генерација, W13, имаше големи проблеми со вертикалните осцилации, и во текот на целата сезона забележа само една победа.
На почетокот од оваа сезона сите во тимот беа убедени дека проблемите се решени со W14, но како што покажа праксата, ниту стартот на новиот шампионат не беше убедлив.
Во Мерцедес АМГ се решија да направат реорганизација на својот технички персонал. Џејмс Алисон се враќа на функцијата технички директор, додека Мајк Елиот ќе ја преземе функцијата шеф на техничкиот оддел, односно тие ги заменија своите улоги во тимот од Бракли.
Тото Волф објасни дека самиот Мајк Елиот ја предложил оваа замена и верува дека Џејмс Алисон е покомпетентен во улогата на технички директор, додека тој има подобри вештини за организациски развој.
"Мајк дојде до заклучок дека неговиот начин на пристап кон работите и неговите вештини најдобро би се искористиле во развојот на организационата поставеност на тимот. Се работи за создавање на нешто што може да биде успешно во многу години што доаѓаат, што може да донесе одржливи победи."
"Вистината е дека јас сум многу среќен што Мајк сам донесе одлука да се стави себеси во таа позиција и што и тој и Џејмс дојдоа до тој заклучок, бидејќи ние ќе ги имаме и двајцата на нивно вистинско место."
Покрај размената на улоги меѓу Алисон и Елиот, Волф објасни дека реорганизацијата го зафати и одделот за дизајн, со цел да се прилагоди на работа со услови на ограничен буџет.
"Џон Овен, како главен дизајнер, имаше многу поинаков профил на должности со ограничувањето на платата, бидејќи покрај креативниот дел од дизајнирањето на болидот, тој имаше и дополнителна работа."
"Она што се случи е дека главниот дизајнер стана и управител на трошоците. Сега, ја поделивме неговата улога. Џон е сè уште водечки дизајнер, и ќе може да се концентрира на дизајнот на болидот, додека Џакомо Тортoра, е назначен за негов заменик и ќе се грижи за организацискиот развој и трошоците на одделот за дизајн."
МЕРЦЕДЕС АМГ ГО НАПРАВИ ПРВИОТ ЧЕКОР ЗА ВРАЌАЊЕ НА ВРВОТ
4/21/2023 08:43:00 PM
0
Share to other apps