Мерцедес АМГ ја предводеше првата тренинг сесија во Мајами, во која најголем дел на врвот беше Макс Ферстапен. Сребрените стрели беа последните што на своите болиди ставија црвени гуми, па Џорџ Расел го забележа најбрзото време, пред Луис Хамилтон и Чарлс Леклер.
Ако на последниот тркачки викенд во Баку, каде имавме деби на новиот формат со саботен спринт со само една тренинг сесија, во Мајами се враќаме на стандардниот распоред со три тренинзи, па тимовите и возачите ќе можат целосно да се посветат на работата со нови делови и испитување на разни варијанти на подесување на болидите.
Пет од десет тима донесоа нови елементи на првата американска трка. Конкретно, во Ферари започнаа серија на надградби на болидите. Алпин продолжи да работи со новиот под, промовиран во Баку.
Како и минатата година, болидите на почетокот од викендот имаа многу пролизгување на се уште "зелениот" нов асфалт. Патеката беше целосно реасфалтирана за оваа година.
За првата серија на кругови сите возачи се определија за белите и жолти пневматици, оставајќи ги црвените за втората половина од тренингот, кога асфалтот беше, колку толку, покриен со искористена гума.
На ладни гуми, Ферстапен и Перез излетаа од патеката во првиот свиок. Во првиот круг Расел се пожали на воланот и загуби половина од сесијата додека механичарите го сменија системот за управување.
Де Врис се изврте на патеката, и Холанѓанецот никако не може да го скроти овогодинешниот болид на АлфаТаури.
По половина час, возачите почнаа да се префрлаат на црвените гуми за кратки стинтови и симулација на квалификациски кругови, што влијаеше на резултатите.
Во 33-та минута сесијата беше прекината, кога Нико Хулкенберг го удри својот Хас, во заштитните бариери, откако се изврте во вториот свиок.
Паузата траеше девет минути, по која возачите ја имаа финалната пресметка на најмеката смеша на Пирели.
ДАЛИ МЕРЦЕДЕС АМГ НАЈАВИ БОРБА ЗА ВРВОТ?
5/05/2023 07:35:00 PM
0
Share to other apps