Макс Ферстапен на спектакуларните квалификации на улиците на Монте Карло успеа да ја забележи неговата дебитантска Пол позиција, победувајќи го Фернандо Алонсо за само 0.084 делови од секундата, при тоа "судирајќи" се два пати со заштитните бариери во третиот сектор.
Чарлс Леклер успеа да го забележи третото најбрзо време, но е под истрага за попречување на брзиот круг на Ландо Норис во Q3 сесијата. Естебан Окон беше четвртти, пред Карлос Саинц Јр. во топ 5 пласман собран во помалку од три десетинки.
Денешните квалификации беа едни од најинтересните во изминатите неколку сезони во Формула 1 шампионатот! Од речиси пол позицијата на Алонсо, дo четвртата позиција на Естебан Окон! Французинот, со извонреден круг, беше на помалку од две десетинки од најбрзото време и пред Карлос Саинц Јр. со Ферари.
Од друга страна, Луис Хамилтон со новиот Мерцедес W14B стигна до шестата стартна позиција, пред Пјер Гасли, Џорџ Расел, Јуки Цунода и Ландо Норис.
Квалификациите во Монако се клучната сесија од тркачкиот викенд. Престигнувањето на оваа тесна патека е речиси невозможно, местото на целта зависи од стартната позиција и стратегијата.
Во исто време, освојувачот на Пол позицијата е ранлив на "undercut" во изминатите сезони. При краток круг резултатите се секогаш тесни, борбата е за секоја десетинка, илјадитинка.
Желбата за успех ве тера да ризикувате и понекогаш води до несреќа, во Монте Карло границата помеѓу успехот и неуспехот е многу тенка, а квалификациите се едни од најинтересните во сезоната.
Во Q1 сесијата сообраќајот беше многу густ, 20 болиди на тесна и кратка патека. Возачите работеа во серија кругови, брз - бавен - брз, обидувајќи се да ја обезбедат најдобрата позиција на патеката во однос на сообраќајот.
Во осмата минута се појавија црвените знамиња, кога Перез удри со болидот во бариерите покрај првиот свиок. Мексиканецот не е повреден, но неговиот РБ19 заработи поголемо оштетување.
Болидот на Ред Бул беше брзо евакуиран, но поправката на бариерата траеше подолго. По пауза од 10-тина минути акцијата продолжи. Повеќе возачи имаа контакт со бариерите, Пјастри, Ферстапен, Строл, но занивна среќа без последици по нивните болиди.
Луис Хамилтон се навикнува на новиот W14B, па имаше избришано време поради сечењето на шиканата по излез од тунелот.
Најбрзото време го имаше Макс Ферстапен, а најбрзите десет возачи беа во разлика од само пет десетинки. Од понатамошната борба отпаднаа Логан Сарџент, Кевин Магнусен, Нико Хулкенберг, Џоу Гуанју и Серџо Перез.
Во Q2 сесијата, Ферстапен веднаш постави нов репер - 1:12.038. Јуки Цунода ги блокираше предните тркала пред шиканата и го прекина обидот. Ленс Строл, покрај другите проблеми, не успеа да го забележи повикот дека мора да се упати кон вагата на влез во боксевите, и продолжи до својата гаража. Стјуардите го разгледуваат овој прекршок.
Естебан Окон ја закачи бариерата во првиот свиок без никакви последици за болидот. Во вториот обид Верстапен беше уште побрз со време од 1:11.908.
Ландо Норис на излезот од шиканата удри во заштитните бариери покрај 12-от свиок, но успеа да дојде до својата гаража. Оскар Пјастри, Ник де Врис, Алекс Албон, Ленс Строл и Валтери Ботас не се пласираа во финалниот сегмент од квалификациите.
Во Q3, во првиот обид, Алонсо го забележа најбрзото време, три стотинки пред Саинц Јр., кој го имаше второто најбрзо време. Во вториот брз круг, но со истиот сет на пневматици, Макс Ферстапен го презеде врвот на табелата, по неуспешниот прв круг.
При второто излегување на патеката, најпрвин Естебан Окон возеше побрзо од Алонсо, потоа Леклер, потоа повторно Алонсо се најде на врвот, но Макс со крајни напори го врати врвот на табелата.
На Фернандо Алонсо му остана само да честита на Ферстапен на неговата дебитантска Пол позиција во Кнежевството, трета во сезоната и 23-та во кариерата.
Засега, во очекување на казна за Чарлс Леклер, од првиот ред ќе стартуваат Ферстапен и Алонсо, од вториот Леклер и Окон, од третиот Саинц Јр. и Хамилтон.
АДРЕНАЛИНСКИ КВАЛИФИКАЦИИ, МАКС ДО ПРВА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ВО МОНТЕ КАРЛО
5/27/2023 03:35:00 PM
0
Share to other apps