Изјави од победниците и губитниците на квалификациите за Големата Награда на Монако.
Макс Ферстапен, П1: "Знаевме дека ќе имаме повеќе проблеми за овој викенд, но на крајот излезе се добро по нас. Вчера немавме баш најдобар почеток на викендот, но мислам дека продолживме да се подобруваме со секој изминат круг"
"Мојот последен круг не беше идеален, дадов се од себе, особено ризикував многу во третиот сектор, бидејќи знаев дека заостанувам. Ги скинав рекламите од неколку бариери, но среќен сум што сум на Пол позицијата за прв пат овде во Монте Карло."
"Утре ни треба чист старт, спринтот до првиот свиок е краток и се може да се случи. Во однос на тркачкото темпо, болидот е брз, па се надеваме дека ќе имаме позитивен ден."
Фернандо Алонсо, П2: "Мора да бидеме задоволни со овој резултат. Оваа година, имаме тенденција да се претставиме подобро во недела, но стартот од првиот ред во Монако е навистина позитивно достигнување. Работата е завршена денес."
"Тоа беше одлична финална сесија, и кога тимот ми кажа дека сум П1, веќе знаев дека има шанси да бидам втор. Ги поместив границите до непријатни нивоа, ризикував многу денес."
"Нашето темпо во последниот сектор е слаба точка, така што треба да го разгледаме тоа за идните трки. Утре имам за цел да ја завршам трката и да ги земам максималните можни поени."
"Ако е едноставно попладне, се надеваме дека ќе завршиме на подиумот, но доколку се укажат повеќе можности ние ќе бидеме таму да ги искористиме."
Естебан Окон, П4: "Каков ден! Најпрво, големо браво за целиот тим, и на патеката и во фабриките во Енстон и Вири. Нашиот резултат навистина покажува дека напорната работа се исплати."
"Се чувствував удобно уште од самиот почеток на квалификациите и дадов се од себе во последниот круг. Стартот од четвртата позиција (по казната на Леклер П3) во Монако е одлично место да се започне трката, но иако сега сум многу среќен, знаеме дека не можеме да се задоволиме со тоа бидејќи имаме долга трка пред нас."
"Работевме многу напорно за да дојдеме на оваа позиција, така што ќе останеме фокусирани да забележиме што е можно повеќе поени за тимот. Со нетрпение ја очекувам утрешната трка."
ГУБИТНИЦИ
Серџо Перез, П20: "Денес сум навистина разочаран од себе. Се се одвиваше добро, бев задоволен од балансот и во Q1 нормално дека напаѓате повеќе и наоѓате нови граници. Влегувајќи во свиокот, доста доцна го изгубив задниот дел, што ме занесе и немав каде да одам, не можев да го пресечам свиокот или да излезам од свиокот."
"За жал, тоа значеше дека завршив во бариерите и се уште не можам да поверувам што направив. Оваа грешка е премногу тешко да се свари во моментов, не знам што да кажам, само ми е жал за тимот, тие не го заслужуваат ова."
"Ќе го провериме болидот и ќе видиме колкава е штетата, па може да донесеме некои одлуки пред трката. Денеска сигурно ќе бевме во комбинација за пол, затоа е двојно разочарувачки, тоа беше голема можност за нас."
"Ова е голем пех за мене во првенството и веројатно изгубив многу поени. Ако е нормална трка, ќе биде тешко да се направи нешто утре, имам брз болид, но оведе е речиси невозможно да се претекнува со овие широки болиди. Ќе биде тешко да се напредува, но ќе се обидеме се."
Ленс Строл, П14: "Фрустрирачка квалификациска сесија, потенцијалот беше дефинитивно присутен во Q1, завршив петти и се чувствував добро во болидот. Потоа работите тргнаа надопаку во Q2, кога не ги подготвив правилно моите гуми во мојот подготвителен круг."
"Потоа следеше незгодата со вагата, имаше сообраќај, изгубив неколку десетинки во 18-от свиокот во последниот обид. Кога разликите се толку мали, тие работи само ја влошуваат ситуацијата."
"Утре е нов ден, ќе ризикуваме со стратегијата, или ќе имаме долг почетен стинт, или ќе влеземе многу порано во бокс, се зависи од условите на патеката. Се надевам на дожд, кој би ги измешал работите."
Џоу Гуанју, П19: "Нашиот настап на денешниот тренинг ветуваше сигурен пласман во Q2, и верував дека со мало подобрување можеме да стигнеме дури и до Q3. Сепак, на крај имавме незгодно попладне."
"Доброто чувство што го имав, исчезна со првото возење во Q1, и, како што патеката се подобруваше, не можев да најдам дополнителна брзина и пред се контрола врз болидот."
"Премногу се лизгав и, иако се подобрив во последниот брз круг, тоа не беше доволно при толку мали разлики помеѓу ривалите. Стартот од последниот ред ќе ни ја отежни работата утре, но ние сме должни на сите наши членови кои работат напорно и на нашите фанови да не се предадеме и да дадеме сè во трката."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО МОНТЕ КАРЛО
5/27/2023 08:55:00 PM
0
Share to other apps