Астон Мартин и Хонда ќе ги обединат своите патишта од 2026 година. Јапонскиот автомобилски концерн официјално објави дека ќе стане партнер на тимот на Лоренс Строл.
На овој начин, Хонда ќе продолжи во највисоката категорија на мотоспортот по воведување на новите регулативи, а Астон Мартин ќе биде нејзин официјален тим.
Хонда планираше да ја напушти Формула 1 по 2021 сезоната, но по успесите што ги постигнаа Макс Ферстапен и Ред Бул, јапонскиот производител реши да ја продолжи врската со австрискиот тим.
Сепак, Ред Бул се одлучи за нов партнер во однос на моторите за 2026 година, сезона во која ќе стапи на сила новата регулатива, и оттогаш ќе работи со Форд, со што дефинитивно ќе ја прекине врската со јапонската компанија.
Астон Мартин моментално е тим клиент на Мерцедес, но и покрај фактот што тимот од Силверстоун негираше дека моторот на Мерцедес ги ограничува нивните можности, не е тајна дека Лоренс Строл посакуваше сопствената погонска единица да продолжи со растот на неговиот проект.
Ќе го гледаме ли Фернандо Алонсо повторно со мотор на Хонда? Алонсо потпиша повеќегодишен договор со Астон Мартин, кој во пракса ги опфаќа сезоните 2023 и 2024.
Времето на Алонсо во Мекларен и враќањето на Хонда беше многу тешко поради перформансите на јапонските погонски единици, факт што шпанскиот возач на крајот јавно го истакна, на голема жалост на Хонда.
Сега, јапонскиот производител е на пат да ја забележи третата титула кај возачите и втората последователна титула кај конструкторите со Ред Бул, слава што се акумулира на онаа собрана во 80-тите и раните 90-ти со тимовите на Вилијамс и Мекларен.
Лоренс Строл, извршен претседател на Астон Мартин: "Би сакал да им посакам добредојде на Хонда и HRC во тимот на Астон Мартин. Споделуваме заеднички нагон, решителност и немилосрдна амбиција да успееме на вистинскиот пат."
"Хонда е глобален титан и нејзиниот успех во мотоспортот е долгогодишен и неверојатно импресивен. Би сакал да им се заблагодарам на г-дин Мибе и г-дин Ватанабе и на целиот тим во HRC додека тргнуваме во оваа возбудлива иднина заедно од 2026 година."
Коџи Ватанабе, претседател на корпорацијата Хонда Рејсинг: "Во време на големи промени во нашиот бизнис и мотоспортот, кои што водат кон транзиција кон јаглеродно неутрално општество, повторно го воспоставивме HRC како оптимална платформа за одржување и понатамошно развивање на моторспорт активностите како сила на Хонда. Ќе воспоставиме одржливи оперативни структури за нашите тркачки активности и ќе продолжиме да даваме возбуда за љубителите на мотоспортот ширум светот."
Мартин Витмарш, извршен директор на групацијата на Aston Martin Performance Technologies: "Имав среќа во мојата кариера да работам со Хонда во текот на годините и воодушевен сум што имам можност да соработувам со HRC и Астон Мартин од 2026 година."
"Новите регулативи за Ф1 погонската единица кои ќе стапат на сила од 2026 година се огромна и важна промена, за која сме убедени дека можеме успешно да ја реализираме заедно, помогнати и од нашиот стратешки партнер Арамко."
"Нашето идно партнерство со Хонда е еден од последните делови од сложувалката за амбициозните планови на Астон Мартин во Формула 1. Конечно, би сакал да му оддадам почит на нашиот сегашен снабдувач со погонски единици со кој ќе продолжиме да соработуваме во следните неколку сезони."
ОФИЦИЈАЛНО: ХОНДА И АСТОН МАРТИН ЗАЕДНО ОД 2026 ГОДИНА
5/24/2023 09:14:00 AM
0
Share to other apps