Тимот на Мекларен го претстави новиот изглед на своите болиди за претстојните трки во Монако и Шпанија.
Шемата на бои на MCL60 се однесува на "тројната круна" на тимот од Вокинг. Мекларен може да се пофали дека неговите болиди и неговите возачи победиле на три од најпрестижните трки во светот, т.е. Големата Награда на Монако, Инди 500 и 24 часа Ле Ман.
Задниот дел на MCL60 е украсен во боите на Мекларен M16C/D управуван од Џони Радерфорд во Индијанаполис во мај 1974 година. Белите бои на болидот се референца за Мекларен MP4/2 на Алан Прост, со кој французинот победи во Монако. Предниот дел е обоен за да ја одбележи победата на Ле Ман во 1995 година од Јаник Далмас, Масанори Секија и Џеј Џеј Лехто, во спортски автомобил Мекларен F1 GTR.
Зак Браун, извршен директор на Мекларен, рече: "Постигнувајќи го најголемото достигнување во мотоспортот со комплетирањето на тројната круна, горди сме што ја прославуваме богатата историја на трките на Мекларен со посебно обојување на Големата Награда на Монако во 2023 година."
"Во согласност со нашите прослави на 60-годишнината и почитувањето на наследството на Брус Мекларен, уникатното обојување им оддава почит на трите победи кои ja формираат "Тројната круна.""
Ландо Норис: "Привилегија е да се биде вклучен во прославите на 60-годишнината на Мекларен и да се комбинираат трите победнички "дресови" на Мекларен во еден на трката за Големата Награда на Монако ќе биде посебен момент за целиот тим."
"Мекларен има импресивен рекорд во Монте Карло и на лично ниво да се искуси подиумот на трката во 2021 година беше огромна чест. Ќе се тркаме напорно со одличен болид за да го славиме Брус Мекларен и неверојатното наследство на тимот."
Оскар Пјастри: "Triple Crown обојувањето изгледа неверојатно и не можам да замислам подобар начин да ја доживеам мојата прва трка за Големата Награда на Монако како Формула 1 возач со Мекларен."
"Брус Мекларен беше победник во Монте Карло во 1962 година и тимот на Мекларен има толку богата историја на Големата Награда на Монако. Ќе се чувствувам неверојатно горд што ќе се поставам на гридот во MCL60, во истите бои на трите победнички автомобили."
НОВИ БОИ НА МЕКЛАРЕН ВО ЧЕСТ НА ТРОЈНАТА КРУНА
5/24/2023 01:42:00 AM
0
Tags
Share to other apps